Се расправаше со главниот и со четврти судија:
„Не сум луд, штом така сум реагирал значи дека нешто се случило. Треба да се види дали може да се направи нешто од правна гледна точка. Начинот на кој беа кажани некои зборови ме погоди. За првпат во кариерата судија зборуваше со мене на таков неприфатлив начин. Можеби ќе биде следниот Колина, но како личност го почитувам колку што и тој мене“, изјавил Португалецот после поразот на Рома за епизодата со исклучувањето.
Занимливи податоци:
Кремонезе 30 меча немал победа во Серија А односно цели 26 години немале триумф во најдобрата италианска лига, а сезонава два пати ја совладаа Рома.
Кремонезе сезонава само 4 пати победил во основното време и тоа екипи од Серија Б во Купот на Италија.