Голманот на Јужен Судан за кој викаат дека има 18 години

Минатата недела беше прекрасна за африканската земја Јужен Судан која за првпат во историјата се квалификуваше на Светско кошаркарско првенство кое се игра летово (август/септември), а историски подвиг направиле и младинците во фудбалската репрезентација на Јужен Судан кој оствариле победа на Куп на Африкански нации.

Младинската репрезентација на Јужен Судан го прославила првиот голем триумф на младинци во историјата на оваа земја откако во група ја совладале младинската селекција на Централно Африканска Република со 1:0.

На голот на Јужно Суданците бранел Гудвил Симон Сабио кој блескал и бил најзаслужен што неговата репрезентација славела победа. 

Гудвил Симон Сабио според документацијата е роден во 2004-та година, но откако неговите фотографии се појавија на социјалните мрежи, се крена голема полемика. Тој наводно има 18 години но физички изгледа на многу повозрасен, постар маж.

На Африканскиот Куп на Нации У-20 за играчи до 20 години во Египет, тој бил најдобар голман од сите. На крајот од мечот со Централно Африканска Африка од групата Б кој Јужно Суданците го добиле 1:0, Гудвил Симон Сабио ја добил наградата за најдобар играч на мечот.

Тој игра за фудбалскиот клуб Катор во Јужен Судан.

Нигерискиот новинар Бајур Иса за настапот на Суданскиот голман на младинскиот Куп на Африкански нации вели:

„Факт е што сите знаеме дека Симон никако не може да биде У-20 играч и тоа е наш проблем што го имаме сите Африканци и причина зошто европските фудбалери имаат подолги кариери од нашите. Ја кривам Африканската фудбалска федерација за ова зошто е срамно“.

Други кои застанаа во заштита на голманот на Јужен Судан велат: „Не судете ја книгата врз основа на насловната страна“. 

3 март 2023 - 10:19