Тазе прогласениот најдобар играч во светот според ФИФА, фукнал скоро 200.000 евра за 35 златни ајфони, што значи има за сите од играчи до масери.
Уредите се со 24 каратно злато и на секој телефон е изгравирано името на играчот, бројот на дресот и аргентинското лого.
„Лионел не е само GOAT, туку тој е еден од најверните клиенти на IDESIGN GOLD и стапи во контакт со нас неколку месеци по финалето на Светското првенство. Ми рече дека сака специјален подарок за сите играчи и стручниот штаб, но не сака часовници како вообичаен подарок. Му предложив златни Ајфони со нивните имиња и му се допадна идејата“, вели Бен Лајонс, извршниот директор на iDesign Gold.
Меси ќе се види со репрезентативните колеги на крајот на овој месец, кога Аргентина ќе одигра две пријателски средби, на 23-ти против Панама и на 28-ти со Курасао.