Море враќајте се назад, пенали ќе има

Јаки сцени доаѓаат од Марсеј, каде синоќа се случи големо изненадување. Олимпик кој силно се бори за титула во француската Лига 1 со ПСЖ, синоќа изгуби дома од второлигашот Анеси на пенали и испадна од францускиот Куп. Анеси е десетто пласиран во втората Лига 2, а синоќа водеа 1-2, па Марсеј израмни со гол во 90+7’ минута во длабоко судиско продолжение и обезбеди продолженија.

Голем дел од гледачите излегле од „Велодром“ во самиот финиш при резултат 1-2 за непознатиот клуб од втора лига, но кога Олимпик израмнил 2-2, се враќале за пенали:

Марсеј изгуби 6-7 на пенали и Анеси сензационално се пласирал понатаму во Купот на Франција.

 

2 март 2023 - 12:11