На 1. март вечерта екипата на Судтирол која доаѓа од Болцано во автономната област Јужен Тирол, претежно населена од Австријци, Германци и Италијанци, гостувала кај Беневенто.
Натпреварот се играл во рамки на 27. коло на Серија Б каде Судтирол е четврти со 44 бода и одлични шанси за бараж па и директен пласман во Серија А каде не играле никогаш.
Судтирол синоќа му гостувал на Беневенто и победил 0:2 со головите на Белардинели и Сисе. Права вест од овој дуел бил навивачот на гостите кој пропатувал речиси 900 километри со цел да го гледа својот сакан клуб.
Кога домашните навивачи дознале дека за гостинскиот сектор е продаден само еден билет, најверојатно само затоа што мечот се играл во работен ден, во вечерен термин и тоа на 900 км подалеку од нивниот град, добил огромна почит од домашната публика која го поздравила со аплауз и со пропратна парола: „Чест за оние кои проаѓаат километри“.
На крајот од мечот, гостинските фудбалери дошле до гостинскиот сектор, го поздравиле, му подариле дресови и му заблагодариле што направил неверојатен подвиг. Сам на далечно гостување.