Offside

На 16 години станува најбрзата жена во светот. На 19 години нејзиното тело било ставено во багажник и сметано за мртво. Ова е неверојатна приказна за Бети Робинсон. Олимписка шампионка која буквално се издигнала од гробот и се вратиле на тартанот.

И? Се објаснивте ли Пеп?

А вака убаво, сликовито објаснува човекот.

За политичката лакрдија во ФК Вардар кога за претседател ставиле водоводџија назначен од шоферот на премиерот

Годината е 1998-ма. Со смена на власта, се сменила и сопственичката структура во македонскиот спортски бренд кој го третирале како политичка играчка. На местото на спонзорот Макпетрол, Вардар требало да го финансираат пет државни фирми, а за претседател на клубот бил назначен братот на Трајче шоферот, кој го возел премиерот. Фирмите не дале денар, а претседателот на клубот не знаел каде е главниот влез на стадионот и се уцапал во кал до колена. Какви таленти.

Биди карактер како Садио Мане

Херојот кој на Сенегал му го донесе толку посакуваниот пехар од Африканскиот Куп на нации, човек кој донира милиони и милиони во своето родно село и цела Африка. Летово направи трансфер од Ливерпул во Баерн Минхен а на групната фотографија на Баварците во пресрет на славниот Октоберфест, религиозниот Мане остана до своите ставови да не пипка алкохол.

Еден несекојдневен тренинг во женски фудбал

Женскиот тим на Лион, петкратен освојувач на женската Лига на шампиони во фудбал. Добро, да кажеме дека секому може да му се случи слаб ден, ете.

Ни Серхио Рамос не е тоа што беше

ПСЖ одигра 1-1 со Монако и го забележа првото реми на стартот на сезоната. Гостите поведоа, Нејмар израмни од пенал, а Серхио Рамос проба ножички како на времето кога важеше за најдобар стопер на планетата, ама...

Интересна прослава која го освои Мексико

Во мексиканската МХ лига, Пачука со 1-4 ја совлада Толука а играч на мечот беше Илиан Ернандез кој постигна два гола и кој со соиграчот Хесус Ернандез изведоа една необична прослава на гол. Дали случајно им испадна или ја планирале не открија.

Во Серија Б падна смешка како измислена за сеир на навивачите

На мечот Комо - Бреша синоќа снема струја. Тоа еден циркуз, ама вториот многу појак. Ќе си пукнеме што нема излезено видео. Ама ви ветуваме дека ќе следиме дали ќе излезе.

Нема потреба да се расправате, баш супер ви излезе слободниот

Џани Алиоски синоќа го преседе на клупа гостувањето на Фенербахче против Коњаспор. Неговите загубија 1:0, а во еден момент ги збунија домаќините, тоест сами себе се збунија.

Гризман му донесе 3 бода на Атлетико, ама сите зборуваат за ракетата на 19 годишниот Американец

Со голот на Антоан Гризман во 66 минута, Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија на гости. Иако беше поништен поради фаул, домаќините сигурно уште долго ќе го зборат овој лудачки проектил на младиот репрезентативец на САД, Јунус Муса.

Ѕирнете го од близу чудото од стадион во кој ќе се претвори Сантијаго Бернабеу

Во 2023-та, Мадрид ќе го добие првиот стадион на планетава за четири спортови: фудбал, кошарка, тенис и рагби. За таа цел, под теренот каде трчаат Бензема и компанија, се работи 25 метри под земја. Тревните подлоги ќе бидат подвижни, исто како и покривот, а целата трансформација ќе кошта околу 500 милиони евра.

Јак момент од мечот Хајдук - Виљареал

На стадионот Пољуд, на пресметката Хајдук - Виљареал од плејофот во Конференциска лига, имаше убав избор на црвена боја. Секој со својот вкус, се разбира.

Махериште на колото со 20 денари им зема 1,6 милиони

Одбрал две од Чемпионшип и две од Лига 1 и ги одиграл ГГ1 ГГ2. За тие што не играат спортска, тоа е и двете екипи да дадат гол и во прво и во второ. 27.000 евра му е добивката.

Пол Погба, ѕвездата на Јувентус го обвинува родениот брат за изнуда од 13 милиони евра

Францускиот репрезентативец и светски шампион со триколорите од 2018, ги осуди „заканите и обидот за изнуда“ од брат му и други лица.

Ало судија, имаш ли ти саат?

СПАЛ е симпатична екипа во италијанска Серија А која лани куртули од испаѓање а често знае да откине бод на некој големец во првенство. Во саботата го победија Каљари 1-0 а претседателот на СПАЛ Џо Такопина му мавташе со телефон на судијата со пуштена стоперка на време, за да се сети да свири крај на истек на продолжение.

Нејмарска работа, пред судијата прави што сака

ПСЖ и Монако во дербито на колото во француската Лига 1 одиграа 1-1. Гостите од Кнежевството беа одличен ривал на богатиот Париз, први отворија преку сјајниот шпиц Кевин Фоланд а ПСЖ израмни преку Нејмар од пенал. На самиот старт на мечот, во 5’ минута Фоланд да изгради простор го оттурнува Бразилецот кој за две секунди го турка на земја со цела сила. И добива само жолт

Мбапе се посрамоти на празен гол

По трите убедливи победи со 17 постигнати голови, ПСЖ одигра дома само 1:1 против Монако и тоа се вадеше во 70-та минута со пенал. Меси и Мбапе во една иста акција ги изделкаа стативите, а Французинот имаше голема утка.

Гол машината работи турбо: Левандовски веќе е прв стрелец во Шпанија, само Столе го сопре

И покрај мрморењата дали и како ќе се снајде во шпанска лига, неверојатниот голгетер Роберт Левандовски веќе ги решета и мрежите во Ла Лига.

Навивач на Фиорентина му крена рака на Спалети

Наполи одигра 0:0 против Фиорентина на гости, а по крајот на мечот настана тензија меѓу гостинскиот тренер и еден навивач на домаќините.

Тики така мајтапење со бранови од публика

Акцииште на Гвадалахара од Мексико во ритам со навивачите. Им ја сокрија топката, а стрелецот на крај со сè топка влезе во гол.

Деби гол на Бензема за Реал од слободен удар

Актуелниот шампион на Шпанија бележи успешен старт со 3 од 3 во домашното првенство. Во топ голгетерска форма и оваа сезона е Карим Бензема кој начека дефанзивец на гол и го постигна првиот погодок од слободен удар откако е на Бернабеу.

Нова атрактивна тројка на Нено, Македонија од -11 до триумф над Словачка

Само три дена откако погоди од паркинг и ја замолкна Данска, Ненад Димитријевиќ одново воодушеви со шут за тројка од тешка позиција, а во финишот погоди уште една со која го отпиша противникот.

Суперхеројот на Охридското езеро го заврши последниот подвиг од 64 км

Со надчовечки напори, на силни струји, и дење и ноќе, 16 годишниот Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро на релација Охрид – Струга – Свети Наум - Охрид со време од 21 час, 41 минута и 48 секунди. Каква издржливост има ова дете.

Безмилосно забивање на Јусуф Нуркиќ против Франција

БиХ направи сензација против Франција во мундијалските квалификации откако ја победи со 96:90. Сите зборуваат за потегот на центарот на Портланд Трејлблејзерс кој го залепи на постер центарот на Реал Мадрид, Венсан Појрие. 21 поен, 9 скока и 4 асистенции за Нуркиќ.

Јан Зомер одлепи против Баерн со невидени 19 одбрани

Ако не ви е јасно зошто Баерн Минхен не успеа да ја победи дома Борусија Менхенгладбах, па дури и се вадеше 1:1 со голот на Мане на 7 минути до крај, тогаш погледне што чуда на гол им правеше Зомер. Според порталот Who Scores, во Бундеслигата и општо во топ 5 лигите во Европа, немало до сега голман со 19 интервенции откако ОПТА се занимава со статистика од 2009-та.