
Фиорентина победи 0-3 а последниот гол на мечот го даде капитенот на гостите Кристијано Бираги кој некоректно го занемари противничкиот фудбалер кој му пружаше рака и помош на негов соиграч кој лежеше на земја.
При еден дуел Роландо Мандрагора од Фиорентина остана да лежи на тревникот, а играч на Верона дојде да види како е да и го поткрене. Капитенот на гостите го изигнорира и го изведе прекршокот со шут кон противнички гол од далечина од 57,91 метар и го совлада голманот на домашните Лоренцо Монтипо.
Бираги ладно отиде да го прослави голот со навивачите на Фиорентина и покажуваше со рака кон небото во чест на починатиот некогашен капитен на клубот, Давиде Астори кој почина пред пет години на 4 март 2018-та година.
По последниот судиски свиреж за крај, играчите на Верона му се пуштија на Бираги но метежот брзо се расчисти.