
Во избор на тим на колото (тим на неделата), Трајковски е избран заедно со Кристијано Роналдо кој блесна со три гола, хет-трик за само 25 минути од првиот дел минатиот викенд.
Во тимот на колото се претежно домашни и играчи од соседните земји на Саудиска Арабија, а Трајковски, Уругваецот Ренцо Лопез (Ал-Батин) и Кристијано Роналдо (Ал-Наср) се единствени странци.
Ronaldo fires his way into matchweek 18's star performers 💥
— Roshn Saudi League (@SPL_EN) February 27, 2023
Selected by Opta 🔢#RoshnSaudiLeague | #FoundingDay | #CR7𓃵 | @AlNassrFC_EN pic.twitter.com/XR4IuRv17K
Ал-Фајха, клубот на нашиот Алекс Трајковски во моментов е на 11 место во саудиската лига после 17 одиграни средби (имаат меч помалку). Лидер е Ал Наср на Роналдо со 43 освоени бода по 18 одиграни натпревари.
Трајковски и Ал-Феиха ќе ги пречекаат Ал-Наср и Кристијано Роналдо на 9-ти април во 21.00 часот по средноевропско време.
Во тимот со нашиот Трајковски се и уште Милан Павков, некогашниот фудбалер на Црвена звезда кој се прослави со два гола во победата против Ливерпул во Лига на шампиони, како и некогашниот голман на Партизан, Црвена звезда и репрезентацијата на Србија, Владимир Стојковиќ. Во составот од познатите имиња се уште и Нигериецот Антони Нвакаеме и Шпанецот Виктор Руиз.