100 секунди лекции по кошарка од 100-от трип дабл на Јокиќ

Со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции против Хјустон Рокетс кој Денвер го доби со 133:112, Никола Јокиќ стигна до 24-от сезонски трипл-дабл и јубилеен 100-ти во кариерата. Неверојатен лик. Како сака им ја игра кошарката на Американците.

Српскиот ас ноќеска стана само шестиот играч во историјата на НБА лигата со 100 трибл-дабл учиноци во кариерата. 

Другите во тоа одбрано друштво се Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Леброн Џејмс. Уште сега ставете го четврти на листа, бидејќи Леброн (106) и Кид (107) ќе ги мине лабаво.

Јокиќ во просек остварува трипл-дабл во декември, јануари и февруари и тој е трет играч во историјата на НБА со просечен трипл дабл во најмалку три месеци по ред. Другите двајца се Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.

Со 24,6 поени, 11,7 скока и 10 асистенции по натпревар сезонава тој е во чекор да им се придружи на Вестбрук и Робертсон како единствените играчи во историјата на НБА со просек од трипл-дабл цела сезона.

Внимавајте на следниов податок. Денвер Нагетс има 24 победи на 24-те средби кога Јокиќ сезонава остварил трипл-дабл.

Со овие статистики како и фактот дека Нагетсти сезонава имаат учинок од 44-19, први во Западната конференција и трети во лига, Јокиќ ја граби третата последователна МВП награда.

Единствените играчи на кои им успеало тоа се Бил Расел, Вилт Чембрлен и Лери Бирд.

1 март 2023 - 09:19