Понесени од големата фудбалска еуфорија околу се помалата неизвесност за Скудетото за кое еден од најзаслужните е голгетерот Виктор Осимен, браќата Салваторе и Џузепе доаѓаат до навидум едноста, ама многу ефикасна идеја.
Вадат чоколадна торта по име Осимен и тоа ја прават да личи на Нигериецот. Со пандишпан, какао, мус од темно чоколадо, солена карамела и кршени бисквити кои треба да личат на неговата коса.
Се среќаваат со Осимен за да му ја дадат како подарок и пресреќни во клипот велат дека им се остварил сонот.
Но тука не завршува приказната, бидејќи браќата не направиле само еден примерок како благодарност за напаѓачот кој гази за Наполи, туку таа станува дел од нивниот бизнис и прават бум во градот.
„Продадовме многу и не очекувавме ваков успех. Благодарение на тортата имаме многу повеќе телефонски повици. Ние сме големи навивачи на Наполи и поради суеверие не зборуваме за Скудетото кое сигурно го заслужуваме. Ако го освоиме ќе направиме колачите за сите играчи“, вели Џузепе
Инаку тортата може да стане симбол на третото Скудето на Наполи кое е се поблиску со оглед на бодовната разлика од 18 бода пред Интер. Осимен е прв стрелец во првенството со 19 гола и со ова темпо на голови не му бега лидерската позиција.
24 годишниот напаѓач носи заштитна маска откако лани се соочи со тешка повреда на главата.
Растел на депонија, барал копачки на отпад, а сега е класа голгетер во Европа