Во гостување на подкастот The Diary of a CEO, Лингард рекол:
„Манчестер Јунајтед така силно заостанува зад другите. Погледнете ја инфраструктурата на Ман. Сити и Тотенхем. Тие се многу милји понапред. Треба да се биде актуелен и да се остане актуелен“.
Состојбата на базата во Карингтон ја критикувал и Роналдо. Во летото 2022-ра тој изјавил дека базенот во тренинг комплексот не одговара на безбедносните стандарди, а подоцна во интервју за Пирс Морган рекол: „Прогрес нула. По заминувањето на сер Алекс Фергусон не гледам еволуција во клубот. Ништо не е сменето“.
За инфраструктурата на конкурентите зборувал и Гери Невил: „Ако помислите на Манчестер Јунајтед кого Глејзери го презедоа во 2004-та, тогаш клубот имаше најдобар стадион во земјата и еден од најдобрите во Европа, најдобар тренинг камп. Сега трибините на стадионот гнијат и р’ѓосуваат а Карингтон не е ниту во пет најдобри бази во земјава“.
ВО 1990-ТЕ СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН БАРАЛ БАЗА СО СОВРЕМЕН СИСТЕМ НА БЕЗБЕДНОСТ
Легендарниот тренинг комплекс во Карингтон е отворен во југо-западното предградие на Манчестер, на 12 километри од Олд Трафорд во 2000-та година.
Претходната база Клиф, каде Манчестер Јунајтед тренирал уште од 1950-те години, во тој момент веќе остарела. Тренерот Фергусон барал не само најдобри услови за тренинг, туку и најсовремен безбедносен систем кој би ги чувал далеку од новинари, навивачи и шпиони од конкурентските клубови.
Старата некогашна база Клиф:
Новата база, Карингтон, го чинел Јунајтед 22 милиони фунти од кои 14 отишле за сите потреби на првиот тим а останатите 8 за зданијата и терени за младинската академија која била отворена во новиот центар во 2002-ра.
Во 2012-та година дополнителни 25 милиони фунти биле одвоени за медицински комплекс на територијата и центар за спортски науки. Благодарение на партнерството со Toshiba Medical Systems Corporation, Манчестер Јунајтед добил технички новитети и Карингтон добил еден од најдобрите спортски медицински центри во Премиер лига.
Комплексот Карингтон на кој и ден-денес тренираат сите категории на Манчестер Јунајте вклучувајќи го и првиот тим се наоѓа на територија од 440.000 квадратни метри (за споредба, базата на Челси во Кобхем е расположена на 566.000 м2, бназата на Лестер која се смета за најсовремена во Премиер лига е на 750.000 м2).
Базата во Карингтон поседува 14 различни терени (12 природни и 2 вештачки кои ги делат меѓусебе првиот тим и академијата) и главен корпус со тренажни сали, соби за рехабилитација, затворени терени за трчање и кошарка, 25-метарски базен, хидротераписки и спа базени, подводни траки за трчање, сауни и парни соби.
Но главна одлика на Карингтон од другите бази станал безбедносно-сигурносниот систем кој го барал Фергусон. Комплексот се смета за еден од најзаштитените во Европа и затоа е прозван „тврдината Карингтон“. Го опкружува 8-метарски висока ограда во должина од 2,4 километри, камери за видео-набљудување и аларм системи, како и 30.000 дрва стратешки засадени вдолж периметарот на територијата со цел да се ограничи видливоста на терените.
Јунајтед размислувал за реновирање на базата уште пред критиките од Роналдо и Џеси Лингард. Прва варијанта била да заминат уште подалеку на југот од Манчестер во округот Татон Естејт во источен Чешир. Новата база би чинела околу 200 милиони фунти, но закуп на ново земјиште би ги зголемило расходите и затоа клубот се откажал од таа идеја.
Сега се размислува за обновување на комплексот во Карингтон. Клубот ја назначил за програмски директор Мегс Мернаг која пет години работела над новата 100-милиони вредна тренинг база на Лестер која важи за најмодерна во Британија.
Манчестер Јунајтед планира да го обнови главното здание, да изгради нови канцеларии, тренинг сали, ресторани, соби за одмор за персоналот и играчите но и зони за читање, медитација, мирување, подалеку од метежот.
Раководството на клубот планира и да ги подобри терените за тренинг, да стави на еден од нив прожектори и мала трибина. На списокот за замена се и тоалетите, ходниците, нова електрична подстаница и ремонт на оградата вдолж источната страна од центарот.
БАЗАТА НА СИТИ СЕ НАОЃА НА ПАТОТ ЗА ЕТИХАД, ГОДИНАВА НА НЕА ОТВОРИЛЕ И КОНЦЕРТЕН ТЕРЕН
Блиските соседи на Јунајтед на времето долги години тренирале исто во реонот Карингтон. Базите на манчестерските ривали биле на 3 километри една од друга. Но во 2014-та Сити се преселил во новиот комплекс „Етихад Кампус“ кој е близу до самиот стадион Етихад.
Базата на Манчестер Сити може да ја понесе титулата една од најдобрите во Европа. За 200 милиони фунти клубот изградил буквално сопствен град на неколку чекори од својот стадион.
Изградени се тренинг база за првиот тим, стадион за женската екипа Манчестер Сити и академијата со капацитет од 7.000 гледачи, 16 тренинг терени, канцеларии за клубот и други фудбалски активи на Сити Фудбал Групацијата. До сите овие комплекси може да се стигне со голф-количка за неколку минути.
Сета база се наоѓа на територија од 323.000 м2.