Како Чоло Симеоне искусно им помогнал на Аргентинците на Светско

Родриго Де Пол, фудбалерот на Атлетико Мадрид раскажал анегдота за тоа како на тројцата играчи од Атлетико кои играа за Аргентина на Светското, пред мечот со Холандија им се јавил Диего Симеоне. Им кажал како да избегнат картони од главниот судија Шпанецот Матеу Лахоз.

Натпреварот Аргентина - Холандија беше еден од најгрубите во историјата на Светските првенства. Буквално на секои пар минути имаше прекин поради остри прекршоци а на крајот со сè продолженијата, Лахоз подели 15 жолти картони!

Ниту еден не добија фудбалерите на Атлетико Мадрид: Родриго Де Пол, Науел Молина и Анхел Кореа. Сите тројца важат за најгруби играчи во аргентинскиот состав и доаѓаат од бандата на Атлетико каде се игра многу остар фудбал.

„Ни забрани да разговараме со судијата и да се расправаме со него. Збор да не кажеме. Ни кажа ако има каква било спорна ситуација, само да се свртиме и да си отидеме. Буквално се гризев за јазик цел меч“, вели Де Пол.

Ниту еден од нив, на крајот, не добил жолт картон. Гаучосите добија вкупно 8.

1 март 2023 - 10:31