Тренерот на Денвер: Најважното и најимпресивното кај Никола е тоа што е многу скромен

Со врвната кошарка во последниве три месеци, Јокиќ стана шести играч во историјата на НБА со 100 трипл дабл учиноци во кариерата. Големиот подвиг го смести во страшно друштво со Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Леброн Џејмс. 

За тоа колку Никола е голем, а скромен, објаснува стратегот на Денвер, Мајкл Мелоун после триумфот над Хјустон.

„Мислам дека сите ние во Денвер, никогаш не треба да го земаме здраво за негово, никогаш не треба да ја земаме здраво за готово неговата големина. Бидејќи пораснав во овој бизнис и работите можат брзо да се променат, затоа се трудам да ценам сè што прави.

Сите овие историски достигнувања, само ве потсетуваат дека сме благословени што имаме момче како Никола, кој е талентиран, кој ги постигнува сите работи на теренот. Но најважната и најимпресината работа со Никола е што тој е толку скромен.

Тоа го прави посебна личност, посебен син, брат, татко и посебен сопруг. Тој е единствена личност која не сака никакво внимание или заслуга. Сака само да си ја врши својата работа и да му помогне на овој тим да ја освои првата титула“.

100 секунди лекции по кошарка од 100-от трип дабл на Јокиќ

 

1 март 2023 - 12:23