Навивачките групи се поддршка, декор и нераскинлив дел од секој спортски колектив. Патем и зошто би вовеле на сајт посебна рубрика за нив која се вика „навивачи“?
Ама со вакви пароли како овие на навивачите на Партизан веќе ни се повраќа. Здодевно, банално, непотребно, дегутантно, бедно, срамно, мизерно и идиотско. Ова нема врска со спорт.
На толку убава и динамична игра на која ако кивнеш можеш многу да испуштиш, Гробари го пречекаа Вардар во Белград како најлоши домаќини на кој им застанал саатот во 90-те. Како уште да се палат на филмот „Ране“.
Во февруари минатата година им гостуваше Еурофарм Пелистер, а од нивната трибина се слушаше мега дебилно скандирање кое гласеше вака: „Јужна Србија, никогаш Македонија“.
Помина една година, на гости им дојде двократниот европски првак Вардар, а тие со нов испад смислен од некој со пилешки мозок, мислиш глупион бугарски рапер им е воџа.
„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“.
Малку им беше ова па досаѓаа и со онаа стерилно глупава провокација, вадејќи грчко знаме.
„Живо ви е кралството, колку и другарството“, стоеше во одговорот на Комити
Зошто ваков порив и од каде? И како само ви се трошело толку боја, време и пари за вакви глупости? Непотребно ќе ги задоите следните генерации дека вака треба да изгледа една трибина. Плус пласирате лаги и невистини и предизвикувате гнев кај цела македонска нација.