Мбапе откри во кој тим во Италија би играл

Младиот Французин кој во понеделникот вечер беше избран за втор најдобар играч на светот за минатата година, зад новиот светски шампион Лионел Меси, во еден неформален муабет на свечената церемонија во Париз, на прашање за кого би играл во Италија, одговара:

„Ако некогаш играм таму (Серија А), тоа ќе биде АЦ Милан“.

Во разговор за француски Фигаро, Мбапе како млад талент пред неколку години, како дете стои облечен во дрес на Милан а подоцна за Газета дело Спорт раскажал од каде му се симпатиите на Милан:

„Мојата врска со Милан е посебна. Како дете имав баба од Италија и долго време поминував кај неа, со тоа семејство таму, а сите навиваа за Милан, па поради тоа и јас навивав за црвено-црните и гледав многу средби на Милан“.

28 февруари 2023 - 14:54