Господски потег на навивачите на ПСВ за нападнаниот голман на Севиља

Српскиот голман Марко Дмитровиќ се соочи со непријатна сцена на гостувањето против ПСВ во Лига Европа откако беше нападнат од навивач. Но се снајде и брзо го реши. Навивачите на ПСВ решиле да си го обелат образот и да си го сочуваат угледот. Купиле цвеќе и отпатувале дури до Шпанија за да му се извинат. Каков гест.

„Почитуван г-дине Дмитровиќ, ви се извинуваме во име на сите навивачи на ПСВ. Се надеваме дека сте добро после инцидентот. Ви посакуваме се најдобро и среќа во Лигата на Европа“, стои во пораката на навивачите

Следуваше и благодарност 

Навивач на ПСВ го нападна голманот на Севиља, ама овој го собори во секунда 

3 март 2023 - 08:49