Не се оправија и не се оправија

Во Бразил скоро и да нема одиграно коло во првенство или фаза во Купот а да нема упад на интервентна единица за брзо да спречи хаос. Така синоќа за време на мечот меѓу нисколигашот Сергипе и познатиот Ботафого од Рио де Жанеиро во Купот, гостите се спасиле од срамен пораз и испаѓање и израмниле на 1-1 дури во 90+7’ минута после три спорни корнери по ред.

Контроверзното судење ги разгневило домашните играчи, навивачи па дури и претседателот на клубот Сергипе, Ернан Сена да го нападнат главниот судија Браулио Силва Мачадо кој едвај спасил жива глава со помошниците.

Најдобрите моменти и головите од мечот:

 

3 март 2023 - 11:35