Offside

Милан влезе во криза во најважниот дел од сезоната. Примија 5 парчиња од Аталанта и Сасуоло. Им виси ЛШ.

Ѕверска партија на Жоел Ембид каква што НБА не гледа редовно

Филаделфија ’76 тесно со 105:98 ја совлада Јута Џез а лудачка партија на овој натпревар имал Камерунецот со 59 поени, 11 скока и 8 асистенции.

Македонски кошаркар му продаде чаирска финта на судија во Талјанд

Се работи за Ервин Цого, инаку поранешен играч на МЗТ Скопје, кој се натпреварува на 3x3 турнири. Откако судијата ја фрли паричката, нашиов го насмеа судијата, бидејќи му побара да ја сврти раката на другата страна, за неговата екипа да има предност. Клипот заврши на социјалните мрежи на ФИБА.

Што е со простачкиов тренд на Мбапе и Радоњиќ?

ПСЖ со 5-0 го згроми Оксер и ја одржа предноста од +5 бода зад второпласираниот Ленс кој игра неверојатна полусезона и има 11 победи од кои 5 по ред.

И Австралија да ти се прохулиганила

Во австралиската А-Лига веќе неколку години „големо дерби“ е мечот Сиднеј - Вестерн Сиднеј Вандеререс. Во последно време и тамошните навивачи почнаа да ги следат „трендовите“ од Европа, со по некои примеси од Балкан, па таа на дербито одиграно викендов, имало по некоја ситна трзавица.

Не е точно видеово, Видал никогаш не бил пијан

На 19 октомври Артуро Видал со Фламенго го освои Купот на Бразил, а 10 дена подоцна и Копа Либертадорес, најјакото натпреварување во Јужна Америка. И вие мислите дека ќе го отрезните?

Така ти е кога не си играл криенка како мал

На мечот Стивинеџ - Хартлпул во англиската четврта лига, домашниот фудбалер Дени Роуз во 79’ минута реши да проба да игра жмурка со гостинскиот голман Бен Килип кој испадна наивен и прими евтин гол.

Необичен волеј во Бразил кој тешко може да се објасни

Фернандо Собрал од Сеара на мечот против Хувентуде направи потег кој некако не можеме да го сконтаме. Положбата на телото му е чудна, а движењето нетипично за шут. Фали да го покажат уште од некој агол, за да сфатиме што направи човеков и како вака ја опна во гол.

Мекиќ од паркинг со звукот на сирената

Гевгеличани им приредија пеколна атмосфера на Данците, а освен Американецот Ти Џеј Шортс, публиката ја запали и Адем Мекиќ од МЗТ кој погоди луда и дрска тројка во стилот на Стефон Кари.

Клучните поени на Американецот Ти-Џеј Шортс за триумф на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и четвртата победа во претквалификациите за ЕП 2025 откако во драматичен финиш во салата „26 Април“ во Гевгелија, славеше над Данска со 74:71 после продолженија. Блесок на Американецот Ти Џеј Шортс кој го реши мечот со 5 слободни фрлања во финишот и запиша 33 коша и 6 асистенции.

Фер плејот на годината 2022 доаѓа од Романија

Триесет и едно годишниот Козмин Матеи од романскиот клуб Сепси со сигурност би требало да ја добие наградата ФИФА Фер плеј на годината. Тој на мечот со Петролул при резултат 1-0 за неговиот тим, остана сам пред небранета мрежа зошто противничкиот голман остана да лежи поради повреда, но се реши за витешки потег вреден голема почит.

Каква вечер за македонските репрезентативци, нов гол за Миовски

Откако Елиф Елмас и Илија Несторовски со голови и асистенции го збогатија мечот Наполи - Удинезе (3:2), вечерва им се придружи и Бојан Миовски со нов гол за Абердин. Центарфорот стрелаше од пенал во 37' минута за нови три бода со кои неговиот тим е трет зад неприкосновените Селтик и Ренџерс.

Деби гол на Несторовски сезонава, кој им внесе немир на Наполитанците во финишот

Мечот Наполи - Удинезе од 15. коло во Серија А, мина со македонски шмек. Елмас ги одигра сите 90 минути и блесна со мајсторски и гол и асистенција. Но и покрај водството од 3:0, Наполитанците не беа комотни до крај бидејќи џокерот Илија Несторовски и 20 годишниот Лазар Самарџиќ, за 3 минути дадоа два гола во 79-та и 82-ра минута за конечни 3:2.  Ова е прв гол за Нестор сезонава во Серија А.

Блескав настап на Елмас со мајсторски гол од убиствена контра и асистенција

Македонскиот дијамант му покажа на Лучано Спалети зошто не е играч за на клупа. Го замени повредениот Кварацхелија и експлодираше. Наполи игра страшно и за прв пат во историјата врзува 11 победи во низа.

А децата кои се радуваа што татко им не е повикан за Катар?

Во денови на еуфорија кога се читаат списоци на кои се најдоа играчи кои за прв пат ќе почуствуваат настап на Светско првенство, сопругата на Лукас Дињ ја пренесува нивната домашна атмосфера. И таму има среќни лица, ама тоа е затоа што тато ќе остане дома. Дидие Дешамп не го стави левиот бек на Астон Вила на списокот за Франција.

Спектакуларен пречек во Лион за „Златната топка“, Карим Бензема

Со голот на Лаказет од пенал во 89-та минута, Лион се спаси против Ница од пораз и одигра 1:1. По натпреварот следуваше шоу со Бензема кој пред навивачите се појави со „Златната топка“. Ѕвездата на Реал Мадрид е миленик во Лион каде се калеше во школата, а потоа играше пет сезони во кои даде 66 гола.

Гол на Барди за Трабзонспор кој влета во шеснаесет како центарфор

Трабзонспор одигра 1:1 на гостувањето против Анкарагучи во последното коло пред Мундијалот, а единствениот погодок за гостите го постигна Барди кој реагираше одлично пред гол, како да игра 9-ка. Четврти погодок за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на турскиот прволигаш.

Проблемите со кои се соочувал Панчев во Интер

Златната копачка има кажано дека трансферот во Интер му е најголема грешка во кариерата, но не сме го слушале до волку да влегува во детаљи за тоа промашено време во Серија А. Почнува од самиот старт кога мистериозно завршил на трибина, па сè до збогувањето со газда Морати кој го затекнал на крај.

Играч на Кадиз фати да се загрева после завршувањето на мечот со Реал

Фудбалерот кој веројатно бил дел од резервите, сакал да ги истегне мускулите, па од разгибавање направи шоу.

Најдобриот резервен голман пеналџија во клупската историја на Ливерпул

Многу топ тимови од Премиер лига имаа неуспешен настап во англискиот Лига Куп: испаднаа Челси, Арсенал и Тотенхем а близу испаѓање беше и Ливерпул кој против Дерби Каунти се спасуваше на пенали.

Ако не сака судијата, јас ќе ти покажам жолт картон

Комична ситуација на мечот од Колумбија меу Америка де Кали и Алијанца Петролера. Во длабоко судиско продолжение, во 90+7’ минута судијата Карлос Артуро Ортега тргнува да му даде жолт на Лари Ангуло, ама ветерот реши да се замеша.

Легендарниот Мексиканец кој ќе игра петти Мундијал, раскажува кога Мурињо му побарал дрес

Андрес Гуардадо од Бетис, кој од 2005-та го носи дресот на Мексико, доста пријатно се изненадил после меч од Лига Европа против Рома.

Запознај ја татковината за повеќе да ја засакаш

Швајцарија и Србија снимија убави промотивни видеа за претстојното Светско првенство во Катар. На ред дојде и Уругвај. Идејата на сценариото е да се прикаже потеклото, родниот крај на секој играч. Разни градови и села.

Фудбалерите на Италија кои ќе патуваат за Катар

Секој ден по некој селектор го соопштува официјалниот список на играчи за Светското кое стартува следниот петок. Да ги видиме Италијанците.