Абрахам и Михтарјан може да станат први во историја со пехари од ЛШ, ЛЕ и ЛК

Дваесет и пет годишниот англиски центарфор Тејми Абрахам ја има таканаречената спортска среќа, каде и да игра, да освојува трофеи. А не важи за светска класа шпиц, но веќе освои Лига на шампиони и Лига Конференции, сега го чека финале на Лига Европа.

Повремениот англиски репрезентативец кој оствари 11 настапи за оваа селекција, по искуството во англискиот фудбал со Челси (58 меча, 21 гол), Бристол Сити (41 меч, 23 гола), Астон Вила (37/25), во август 2021-ва се реши да потпише договор со Рома и направи неочекуван трансфер.

Обично ретко англиски фудбалери одат во Серија А, па може да се каже и обратно.

Теми Абрахам на 25 години може да се каже дека остварил далеку позначајни успеси од многу поголеми играчи од него.

Со Челси во сезоната 2020/2021 освои Лига на шампиони откако во големото се-англиско финале го совладаа Манчестер Сити и го кренаа најважниот пехар во клупскиот фудбал.

Во истата година, Челси го освои и УЕФА Супер Купот и Абрахам и таму доби медал.

Голем успех имаше и со Рома која што Жозе Мурињо ја водеше до прв европски трофеј после икс години. Во 2022-ра „римската волчица“ стигна до пехар во Лига Конференции откако го победија Феенорд во финалето играно во Тирана.

Сега, Романистите успеаа одново да направат голем подвиг, елиминираа силни тимови на патот до финалето на Лига Европа и таму ги чека последното скалило до нов европски пехар. Севиља. Шпанскиот клуб кој е како магнет за споменатиот пехар кој го освоија неверојатни и рекордни 6 пати(!) досега а сега ќе игра за седми што би било практично недостижно во догледно време.

А од друга страна, Тејми Абрахам ќе се обиде да стане првиот играч во историјата кој ги освоил сите 3 натпреварувања на УЕФА: Лига на шампиони, Лига Европа и Лига Конференции.

ХЕНРИК МИХТАРЈАН

Ерменскиот искусен фудбалер во својата кариера играше и во Шахтјор Доњецк и во Борусија Дортмунд и во Арсенал, и во Манчестер Јунајтед и во Рома. Сега е во Интер.

Михтарјан беше меѓу најзаслужните за титулата во Лига Европа на Ман. Јунајтед кога во финале го совладаа Ајакс со 2-0. Прекалениот Ерменец тогаш зголеми на 2-0 со гол во 48-ма минута.

Минатата година „Мики“ пак беше јунак на тим предводен од Жозе Мурињо. Со Рома освои Лига Конференции, баш кога соиграч му беше и гореспоменатиот Абрахам.

Сега Михтарјан со гол во полуфиналето против Милан беше меѓу позаслужните што Интер со вкупен резултат 3-0 се пласираше во големото финале на Лига на шампиони.

На 10-ти јуни во Истанбул, Михтарјан ќе може да стане првиот играч со сите три пехари од УЕФА турнирите. А нешто порано, на 7-ми јуни, Абрахам ќе се обиде да го направи истото во финале против Севиља.

19 мај 2023 - 13:37