Гути во лутина: „На овој Реал му требаат итни промени“

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез попознат како Гути, како стручен коментатор редовно ги коментира фудбалските случувања во Шпанија и во Европа. Сега по дебаклот на Реал од Сити каде „граѓаните“ буквално го понижија „кралскиот“ клуб на реваншот со 4:0, Гути вели:

„Би сакал да дојде некој и да ми го објасни планот на игра кој го имаше Реал... Просто не видов дека Реал дојде да игра фудбал, едноставно немаше никаков план за игра.

„Овој Реал на натпреваров покажа дека се потребни засилувања претстојново лето, и тоа под итно. Овој тим изгледа прочитано, а веќе полека и старее. Не ја префрлам вината само кај Анчелоти, сите играчи беа очајни, со исклучок на еден. Единствен кој беше на ниво е Куртоа и него не може ништо да му се замери за овој тежок
пораз. Останатите треба да се запрашаат што направија на средбава“, кажа Гути.

18 мај 2023 - 14:51