Шпанскиот великан кој ќе се памети како еден од најдобрите тенисери на сите времиња, синоќа на прес-конференција потврди дека се повлекува од тенисот следната 2024-та година. Поради честите повреди, Рафаел Надал го откажа и учеството на Ролан Гарос каде е крал со дури 14 освоени пехари. Надал во јуни ќе полни 37 години.