Вардарци се враќаат во Првата македонска лига по пауза од две години откако убедливо со 3:0 го совладаа во баражот Скопје кој од елитата се сели во втора лига.
Дарко Размоски со два гола и Дарко Глишиќ се стрелците кои на навивачите на Вардар им ја донесоа најслатката победа на годината.
И покрај тоа што цела сезона беа оставени сами на себе, без примања и со помош само од Комити, фудбалерите на Вардар успеаа да се изборат за третата позиција која им обезбеди бараж битка во Кавадарци.
Играчите и стручниот штаб ги заслужуваат сите честитки и аплаузи за борбеноста, агресивноста и пожртуваноста и за сите капки пот од почеток до крај.
Вардар и Комити заслужено ќе слават.