
Каква вечер за 31.835 навивачи на стадионот „Хилсборо“ на мечот Шефилд Венздеј - Питерборо. Сведочеле најлуд пресврт во историјата на англискиот фудбал.
Во сенка на еврокуповите, на Островот се бијат битки кои носат пласман во погорни лиги и заработки до 100-200 милиони фунти.
Во третата англиска дивизија, позната како Лига 1, во полуфиналето на тамошниот плејоф, Шефилд Венздеј пред неколку дена изгубил од Петерборо со убедливи 4:0.
Кога сите веќе го виделе Петерборо во големото финале за пласман во Чемпионшип и сè било решено, Шефилд Венздеј на реваншот во 25’ минута веќе води со 2-0, а на средината од вториот дел го постигнува и третиот гол во мрежа на гостите.
Следува голема битка, а во осма минута од судиското продолжение Лиам Палмер го постигнува четвртиот гол за домаќините.
Во целосен транс и лудило навивачите уште тогаш влегуваат на терен да слават иако ништо не е готово а вкупниот резултат е израмнет на 4:4.
На сцена следувале продолженија. Петерборо дава гол за 4-1 и верба дека кошмарот им поминал, но Шефилд повторно постигнува погодок за 5-1, конечни 5-5 и пенали.
И таму во пенал-рулетот домаќинот подобро изведува, победува 5-3 и оди во големото финале на „Вембли“ за пласман во силниот Чемпионшип.
We’re the famous Sheffield Wednesday and we’re going to Wembley! pic.twitter.com/iLg8Yc5oY6
— Sheffield Wednesday (@swfc) May 18, 2023