Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Барселона и Реал се спремаат за прво жестоко сезонско Ел Класико

Во сабота од 16:15 на „Олимпискиот Стадион“ попознат како Монтжуик поради тоа што се наоѓа на истоимениот рид во Барселона, ќе се одигра официјалното 255. дерби меѓу Барса и Реал Мадрид. „Кралевите“ имаат 102 победи, Барса 100 а 52 дуели завршиле нерешено.

Форхенд на Медведев директ кај гледачка в лице

Данил Медведев кој на турнирот во Виена го совлада Артур Фил, при водство од 5:1 во вториот сет, непотребно се изнервира поради загубен поен и удри една госпоѓа на трибини. Чудни критериуми гледаме во тенисот. Русинот не го суспендираа, исто како и Федерер пред години, а Ѓоковиќ за слична ваква ситуација на Австралија опен 2020 го исфрлија од турнир.

Дали е Тајсон Фјури најдобар тешкаш на сите времиња?

На 28. октомври во Саудиска Арабија Тајсон Фјури ќе боксува против некогашниот шампион од УФЦ, страшниот Франсис Нгану, а после само два месеци најверојатно ќе се бори и за апсолутната шампионска титула во тешка категорија против Александар Усик со кого е договорен двомеч.

Супер Нико Митревски е јунак во Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски дефинитивно е еден од најсаканите меѓу навивачите на сите спортски секции на Порто. Нико, како што го викаат, синоќа беше најзаслужен што неговиот тим го победи ГОГ Гудме 32:31 во Лига на шампиони. Имаше дури 14 одбрани зад своето име и го избраа за играч на мечот.

Со лева си ја намести, со десна ја испука како од катапулт

Многу голови паднаа синоќа во ЛЕ и ЛК. Четири екипи постигнаа по 5 комада, а две екипи по 6. Ние решивме да го издвоиме оној на најдобриот стрелец во Лига Европа за минатата сезона, Виктор Бонифејс, кој го постигна на мечот Баер Л. - Карабах 5:1. Бомба.

Арнолд како голман без раце

Таков е фудбалот. Голманот на Лацио, Иван Проведел скокна во шеснаесетник и му ја заби на Атлетико Мадрид со глава за израмнување 1:1 во 94-та минута. Тренд Александер Арнолд пак како играч од среден одигра голмански против Тулуз и спаси чист гол.

Реал Мадрид ја доби Барселона, а Партизан Ѕвезда во драматични финиши

Петтото коло на Евролига донесе два мега дуели. Во големото Ел класико Реал Мадрид во крајно неизвесна пенал-завршница ја совлада Барселона со 65:64, а Партизан успеа да ја победи Црвена Звезда во исто луд финиш.

Теодосиќ го пцуе Аврамовиќ, а овој му враќа со бакнеж во рамо

Партизан ja доби Црвена Ѕвезда со 88:86 во 5. коло од Евролигата, во натпревар полн со пресврти. Во последните 10 минути од средбата Аврамовиќ блесна со 11 поени, а Теодосиќ промаши дури три слободни фрлања. Комедии беа на крај. Погледнете го погледот на Милош.

Дарвин како успеа бе да го промашиш ова?

Ливерпул го збриша Тулуз со 5:1 и има 3 од 3 во групната фаза од ЛЕ. Дарвин Нуњез беше меѓу петмината стрелци, а во еден момент прво се претвори во Роналдо Бразилецот, а потоа финишираше ко Симоне Инѕаги.

Миовски даде гол против ПАОК и ги пецна Грците

Македонскиот центарфор продолжува со одличната голгетерска форма за Абердин и го запиша деветтиот гол сезонава на сите натпреварувања.

Го памтите ли Енди Керол? Да видите каде игра сега

Кога ќе се потсетиме на неговите партии, делува како да е генерација со Ибрахимовиќ уште од времето, а Ендри Керол е роден 1989-та и има 34 години, идеални за центарфор. Некогашниот англиски репрезентативец кој играше за Њукасл, Ливерпул, Вест Хем Јунајтед, Ридинг и ВБА, сега во 2023-та игра за францускиот второлигаш Амиен.

Денвер Нагетс држи лекција по ротациона одбрана

Погледнете го видеото повеќе од еднаш и следете како се движат и менуваат на човек, кошаркарите на Денвер. Поентата е јасна, не смее никој да остане сам. Целта е остварена. Инаку оваа шампионска одбрана на шампионот е од првиот меч во новата сезона против Лејкерски.

2007-ма роден, а веќе ги работи во ЛШ по двајца

Меѓу децата од Ла Масија кои Чави ги пушта во оган, обрнете внимание на Ламин Јамал, кој во јули летово наполни 16 години, а минатата сезона доби привилегија да заигра за првиот тим на Барселона со 15 години, 9 месеци и 16 дена, најмлад во историјата на клубот. Погледнете го како самоуверено работи доле со топка.

Панчев за германски Спорт: „Ме бараше Сер Алекс Фергусон во Манчестер, ама не, јас да останам во Интер“

Во најново интервју за германскиот сајт SportBuzzer, легендарната „Кобра“ зборува на разни теми. Интервјуто го потпишува новинарот Димитриос Димулас, а Дарко раскажува интересни моменти од кариерата.

Кој е црепот од НБА за кој раскажува дамава не баш убави работи?

Само една нормална и фина работа ќе раскаже за него. Дека е освојувач на НБА титулата. Другото за слушање не е, а не па за превод.

Како изгледа процесот на поставување нова трева на Градски?

Вака лаички кажано, ова ни изгледа како дома кога местиме теписи, а тие велат дека се работи за хибридна трева, мешавина на природна и вештачка. Со врвен квалитет и висок степен на издржливост и со исти карактеристики како на стадионите на големите европски метрополи. Баш да видиме. Англија ја пречекуваме на 20 ноември.

Двете голчишта на Карачиќ по кои влезе во клинч со Чкембари

Еурофарм Пелистер не може да пркне во силната група од ЛШ и во 6. коло го запиша шестиот пораз. Пречката се викаше Кјелце кој две сезони по ред игра финале. Битолчани се р`чнаа со познат Вардарец.

Силниот дух на младината на Берлин

Унион Берлин за првпат во клупската историја игра во Лига на шампиони. Овој клуб пред само неколку години ќе згаснеше поради сериозни финансиски проблеми. Но навивачите го кренаа во најтешкиот период и од него направија клуб за почит, со прекрасен стадион и клуб кој стигна да игра и со Реал Мадрид во Лига на шампиони. Сега поминуваат низ сериозна резултатска криза од дури 9 порази по ред во сите натпреварувања.

Луда радост на Дарко после првиот триумф во НБА

Српскиот тренер кој изненадно доби шанса да го води гигантот и скорешен НБА шампион Торонто Репторс, Дарко Рајаковиќ еуфорично ја прослави првата победа во лигата против Минесота Тимбервулфс 97-94.

Дончиќ му одржа час по кошарка на првиот пик Вембенјама

Младата француска ѕвезда Виктор Вембенјама кој беше прв пик на драфтот во НБА, одигра одлична пред-сезона, но официјалните натпревари во најсилната лига се нешто друго. На мечот Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс Лука Дончиќ држеше час по кошарка и со 33 поени, 10 скока и 13 асистенции изведе трипл-дабл за МВП.

Играч на Порто влезе од клупа и даде три гола во Лига на шампиони

Првиот хет-трик сезонава во Лига на шампиони е дело на Бразилецот Еванилсон Барбоса од Порто и тоа во едно полувреме.

Араухо росна ливада

Барса имаше можност да ја зголеми предноста во финишот против Шахтјор на 3:1, ама при Гундоган на терен, слободниот удар го изведе Араухо. Топката излезе од кадар, а Левандовски и Де Јонг се кикотеа на клупа.

Страшни одбрани на голманите на Њукасл и Борусија Дортмунд

Ако сте ја играле ГГ3+, а сигурно има такви, на голманите да им ги барате парите. Погледнете ја двојната интервенција на Ник Поуп во 9 минута, со рамо им ја фати. Потоа и на Грегор Кобел во вториот дел, можеби најјака на колото.

Ново дете даде гол за Барселона во Лига на шампиони

Тренерот на Барса Чави очигледно го знае рецептот како да го врати сјајот на клубот. Станаа шампиони во Ла Лига а сега во Лига на шампиони блескаат со нови деца од својата академија Ла Масија.