Ave Mile

Рома и Феенорд по којзнае кој пат водеа голема битка на теренот додека на трибините грмеше песна. И во Ротердам и во Рим овие два ривали имаат жесток пречек. Така беше и синоќа во реваншот од 1/16 финалето на Лига Европа кога после истиот резутат 1:1 како и на првиот меч се отиде во продолженија и на пенали. А таму царуваше српскиот репрезентативен голман Миле Свилар.

Рома и Феенорд прераснаа во големи ривали. До таа мера се жестоки нивните дуели што локалните власти во двете земји забранија навивачки гостувања во двата града. И ова се случува по трет пат да нема гостинска публика кога играат „римската волчица“ и тимот од Ротердам.

Рома го победи Феенорд во финалето на Лига Конференции 2021/2022 одиграно во Тирана кога Мурињо им го донесе на Римјаните првиот европски пехар во историјата.

Потоа во Лига Европа 2022/2023 се судрија во четвртфинале и Рома отиде понатаму. Третиот судир за три сезони одново и припадна на Рома. После 1:1 на гости и 1:1 дома по 120 минути фудбал во Рим, екипата на новиот тренер Даниеле Де Роси победи на пенали.

Во регларниот дел гостите први дојдоа во водство преку Сантијаго Хименез во 5’ минута:

Домаќините израмнија со прекрасниот еврогол на Лоренцо Пелегрини:

Овој резултат 1:1 остана до крајот па се играа продолженија и пенали.

Јунак на вечерта беше Миле Свилар кој стана прв голман од како Де Роси седна на клупата. Србинот маестрално им ги одбрани пеналите на Давид Ханко и Алиреза Џаханбакш а за Рома промаши Ромелу Лукаку и на крај конечниот резултат на пенали беше 4:2 за Рома.

23 февруари 2024 - 09:26