Денвер Нагетс извади ретро колекција од блузонот кој како мал го носел Никола Јокиќ

Од сите неверојатности во спортот, оваа со Јокиќ е можеби најинтересна. Никола пред повеќе од 20 години, во својот роден град Сомбор како мал бил сликан во блуза на Денвер Нагетс.

Во време кога сите носеле дресови, маици, разни реквизити од Џордан, Чикаго Булс и ЛА Лејкерс, колкава била веројатноста едно мало дете од Сомбор да облече блузон од клубот за кој 20+ години подоцна ќе стане најголема клупска икона и ќе им донесе шампионска титула со МВП награди.

Со претпоставка дека Јокиќ овој блузон го носел на 5 години, односно во сезоната 1999/2000 во НБА, тогаш Денвер Нагетс имал учинок 35 победи и 47 порази и бил меѓу најмалку популарните клубови во лигата. Но во 2000-та милијардерот Стан Кроенке станал сопственик на Нагетс и вложил во салата тогаш „Пепси Центар“ а денес „Бол Арена“ и Денвер почна да има респектабилни тимови од година во година.

Во чест на оваа блуза на Јокиќ, Денвер сега вади ретро колекција од истиот модел кој ќе биде на продажба за сите навивачи.

22 февруари 2024 - 12:55