Рио Фердинанд во авион со навивачи на Арсенал

На големиот Рио, легендарен стопер на Манчестер Јунајтед и англиската репрезнтација, му се погодило во летот со Рајан Ер до Порто каде беше стручен коментатор за каналот ТНТ, да лета со стотина навивачи на „топџиите“. Токму тие го критикуваа пред извесно време зошто кажа дека Букајо Сака е неверојатен и дека му треба одмор затоа што е многу млад но не е светска класа.

Сега го повторил истото дури и во полн авион „топџии“:

Некои „топџии“ и го зафркавале на социјалната мрежа Х:

На крај откако му пееле некое време дека Букајо Сака е топ класа, Рио преку авионскиот разглас рекол:

„Здраво дечки! Сакам само да кажам дека е апсолутно задоволство да се патува со навивачите на Арсенал. Морам да кажам и дека Сака е фантастичен играч, но не е светска класа. Ќе биде ама уште не“.

Арсенал загуби од Порто на гости со 1:0 со гол на Галено во последните секунди од мечот, во 90+4’ минута.

22 февруари 2024 - 15:38