Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Тренер на Шахтјор им бараше автограми на Педри и Гави

Ќе речеш деца, едниот 20, другиот 19 години, ама штом се протагонисти во клуб како Барселона, веќе се ѕвезди. Еден од тренерите на Шахтјор бараше да се потпишат уште пред да почне мечот.

ПСЖ го растури Милан, Дортмунд доминантен во Њукасл

Во третото коло од групната фаза во Лига на шампиони, Пари Сен Жермен беше убедлив против Милан, Селтик и Атлетико Мадрид одиграа реми со четири гола, Лацио загуби во Ротердам, а Сити ја оправда улогата во Берн.

Детето што уште од мало знае кој дрес го сака а кој не

Реакцијава на детето ги доловува навивачките песни со стихови „уште од мал учен сум, за него да навивам“ и слични митомании.

Кога Дејо и Бобан го суредија ПСЖ на гости

Вечерашната пресметка меѓу ПСЖ и Милан е поводот за едно ретро, кога овие две екипи се сретнаа во полуфиналето од ЛШ во 1995-та. Росонерите поминаа со вкупни 3:0, а мечот во Париз го реши Ѕвонимир Бобан на асистенција на Дејан Савичевиќ.

Кога ќе прашаат како се полни касата на УЕФА?

Холандски Феенорд мора да плати 17.500 евра казна во УЕФА поради тоа што на мечот со шкотски Селтик навивачите држеле зелено знаменце со натпис „Фак Селтик“. Притоа Феенорд мора да плати и 26.000 евра за непроодни скали на трибините и уште 8.000 евра за две запалени бакљи на трибините.

Дај му ја на Гигс контрава да видиш како ќе ја заврши

Овој Манчестер Јунајтед нема допирни точки со оној кој беше мерак за гледање. Едвај Копенхаген го добија и со тоа со гол на Мегваер. Браво за детево што истрча шринт по цел терен, ама на крај се изгуби.

Ѓоковиќ засвири на саксофон на сред концерт

На концерт на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер во белградска „Арена“, меѓу првите гости биле Новак и Јелена Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер во еден момент се качил на сцена и засвирил на саксофон.

Каква чест за Калин Ивановски, тренираше со Ѓоковиќ

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски кој има 19 години и е на 308 место на АТП листата, имаше привилегија да се сретне и да поработи во Белград со најголемиот. Инаку Ивановски живее и тренира во Загреб, а Ѓоковиќ во една прилика изјави дека би сакал да одигра натпревар со него.

И официјално Макаби Тел Авив ќе игра Евролига во Белград

На состанокот на акционерите во Евролига во Истанбул била донесена одлука изралескиот шампион Макаби Тел Авив своите домашни натпревари да ги игра во Белград.

Го прашаа Јокиќ дали фатил баскет летово?

Како ти изгледаше одморот годинава? Колку играше кошарка? Колку гледаше? Колку одеше на трки со коњи? Одговорот искрен и оригинален.

Два нови прекрасни гола на Роналдо и асистенција со пета

Ал Наср го задржа максималниот учинок во азиската Лига на шампиони, откако синоќа во 3. коло го совлада Ал Дуаил со 4-3. Кристијано Роналдо постигна два гола а имаше и една прекрасна асистенција. Другите два погодоци беа дело на Талиска и Садио Мане.

Кај Јокиќ ништо ново, нова сезона, трипл дабл и победа над Лејкерси и Леброн Џејмс

Стартот на новата НБА сезона 2023/2024, оди вака: Победа на шампионот Денвер Нагетс против Лос Анџелес Лејкерс од 119:107 и трипл дабл на Никола Јокиќ, број 106 во кариерата. А цело лето по кафани, концерти и прослави.

Јокиќ почна пак да растура, а Шек да прави шоу на српски

НБА лигата се враќа на сцена таму каде што застана. Со трипл дабл на Никола Јокиќ и победа над Лејкерски и Леброн Џејмс, а потоа трето полувреме со најголемиот шоумен меѓу НБА легендите. Одиме со првиот муабет на Шек на српски за оваа сезона.

Гарначо ја копаше белата точка пред Копенхаген да го изведе пеналот

Ќе речеш дете, 2004-та родено, а тој неранимајко уште од млади години. Додека сите се мотаа околу судијата, Алехандро Гарначо користеше гужва и ја уништуваше точката од каде што се изведуваат пенали. Данците во 97-ма не успеаа да реализираат, а Манчестер Јунајтед се радуваше на првата победа сезонава во ЛШ.

Онана имаше перфектна одбрана и од игра

Го критикуваа дека не бил доволно добар и дораснат да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, а тој одговори со монструозни одбрани против Копенхаген и е најзаслужен за првите 3 бода во ЛШ сезонава. Не само пеналот, туку внимавајте и на оваа фантастична интервенција со една рака.

Последниот тајм аут на Кире и голот вреден историја

Ракометарите на Алкалоид стигнаа до првиот историски бод на меѓународната сцена против фаворитот Ла Риоха среде Шпанија, во второто коло од групната фаза на Европската лига. На околу 20 секунди до крај, Лазаров им даде насоки на своите ракометари како да одиграат во напад 7 на 6 и ризикот без голман се исплатеше. Александар Петковски остана сам на крило и погоди за конечни 29:29.

Навивачите на Копенхаген згрмија во чест на Сер Боби Чарлтон

Данците имаат чиста 10-ка за гестот наменет кон една од најголемите фудбалски легенди во историјата на Англија и Јунајтед. Човекот кој во 1966 го освои единствениот Мундијал на Гордиот Албион, како и Златната топка, а две години подоцна стана европски првак со Манчестер. Почина пред четири дена на 86 години.

Онана со херојска одбрана во 97-ма минута го спаси Манчестер од нов резил

Хари Мегваер и Андре Онана или во превод, најкритикуваните двајца сезонава на Олд Трафорд, му ја донесоа првата победа на Манчестер Јунајтед сезонава во ЛШ. Првиот даде гол против Копенхаген во 72-ра минута. Вториот одбрани пенал во 97-ма со една рака за делириум на трибините.

Важна победа за Елмас во Берлин, прва радост на Јунајтед и тоа со гол на Мегваер

Наполитанците го совладаа Унион Берлин со голот на Распадори, а Елмас конечно доби поголема минутажа и го одигра цело второ полувреме. Гостински триумф забележаа и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал и Реал Сосиедад. Само Интер и Манчестер Јунајтед славеа како домаќини, а еден меч заврши без победник.

Ди Канио: Идиоти сте што се кладите, сега ќе ви кажам пример кога играв во Јуве

Паоло Ди Канио, во негов стил, остро и директно ги нападна фудбалерите околу кои изби голем скандал, а еден од нив е веќе суспендиран цела сезона. Го спореди неговото време кога му се треселе гаќите пред првиот човек на Јуве.

Од рубриката промашување на колото

На дуелот меѓу Мастрихт и Камбур во холандската втора лига кој заврши 1-1, домашниот центарфор Коен Костонс промаши неверојатен зицер, но навивачите му простиле затоа што на 11 меча досега има 6 гола и 4 асистенции. Тој и го дал погодокот со Камбур.

Кај ти кажува вакво нешто наш селектор на прес

И покрај тоа што има критичка маса против него, која се оформи за време на Светското во Катар, сепак Србија го најде човекот кој вети и ги однесе на Мундијал, а со една нога ги враќа и на Европско каде не биле 24 години. Плус е харизматичен, опуштен и зафркант со новинарите. Како и да ја вртиме, фаца е Пикси.

Арсенал критикуван зошто во женскиот тим имало само бели фудбалерки

Во средината на октомври на профилите на социјалните мрежи на лондонски Арсенал се појавија клупски фотографии од женската екипа и веднаш разбудиле еден дел од тамошната јавност.