Парадата на Столе против Реал Мадрид е одбрана на колото

Рајо Ваљекано дефинитивно е тврд нескршлив орев за Барселона и Реал Мадрид. Речиси на секој меч дали во предградието на Мадрид, дали на страна, и двата гиганти „кршат заби“ на тимот кој против нив игра мотивирано. Посебно македонскиот голман Столе Димитриевски кој лани беше прогласен за играч на мечот Реал Мадрид - Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“ кога не прими гол од „кралевите“.

Во неделата вечер Столе Димитриевски бранеше блескаво и уште еднаш беше најзаслужен што Рајо го задржи Реал Мадрид на 1-1. Му одбрани слободен удар на Тони Крос со чудесна парада:

Димитриевски имаше уште една сигурна одбрана по млак обид на шпицот Хоселу кој го постигна единствениот гол за Реал Мадрид на овој меч:

19 февруари 2024 - 09:31