Милан имаше катастрофален финиш на крајот од двете полувремиња во кои прими по два гола и мечот го загуби во судиското продолжение.
Во последните 5 минути од првиот дел прими два гола за водство на Монца на пауза од 2:0, со головите на Матео Песина и Дени Мота.
Лошо им почна и вториот дел. Јовиќ му врза шамар на еден од противниците, прво доби жолт, а по прегледот во ВАР собата, судијата го поништи жолтиот и му даде црвен.
Во 64-та минута од мечот Жиру им ја врати надежта.
И потоа следуваше драма на крајот која почна со израмнувањето на Пулишиќ, кој даде убав гол за 2:2 во 88 минута.
Но само 2 минути подоцна со голчиште одговори и 20 годишниот Варен Бондо на додавање на Даниеле Малдини.
Конечните 4:2 во 95-та ги постави дете од школата на Милан кој не се радуваше, а тоа е 21 годишниот Лоренцо Коломбо.