Најубавата приказна овојпат ни доаѓа од Нотингем Форест, славниот англиски клуб (две титули во Куп на европски шампиони, една во Англија, една во европски Супер Куп, два ФА Купа и четири Лига Купа) кој после долги години во пониските лиги конечно се врати во Премиер. 92-годишната Вера Хил речиси целиот свој живот е со својот Нотингем. Таа пред 15-ина години откако ѝ ослабнал видот решила да ја врати својата сезонска карта на клубот со цел да отстапи место на помладите. Клубот не ја заборавил, ја поканил на премиерлигашки меч а во нејзина чест целиот стадион ја испеал химната на Форест.