Чувството дека фудбалот е едно големо „ништо“ без навивачите, има особено влијание во германскиот фудбал, посебно овој викенд во кој се случи историја.
Германската фудбалска лига, популарната Цвајта, ја надмина Бундеслигата во посетеност и тоа се случува за прв пат.
Со протестите на навивачите ширум Германија кои се противат на предлозите на лигата да има приватни инвестиции во приходите од маркетинот, стадионите се полни за поддршка на клубовите.
Тоа најмногу се одрази во втората лига, каде викендов имало рекордни 284.643 гледачи на деветте натпревари, наспроти 261.099 во Бундеслигата.
This weekend the 2. Bundesliga attendance (284,643) was higher than the Bundesliga (261,099). Some 2. Bundesliga pictures just from this weekend, I love this league 😎 pic.twitter.com/wfh3npPk86
— Danny Monk (@DanTheYid_) February 19, 2024
На пример, Дарко Чурлинов викендов за Шалке настапувал пред 60.542 навивачи, тимот со највисока просечна посетеност во Цвајта кој инаку е рангиран на 11-то место во Европа оваа сезона, а Хамбург е во топ 25.
Седум клубови имаат просек од над 35.000, вклучувајќи ги Хановер (35.082), Херта (46.253) и Хамбург (55.660).
Во Бундеслигата пак на мечевите во Хофенхајм, Хајденхајм и Дармштад имало помалку од 18.000 луѓе.
Втората германска лига е пример кој треба да се следи во европски, па и во светски рамки. Додека кај нас второлигашкото друштво асоцира на фудбал во околина на пченки и крави, второлигашите од Германија се петти по посетеност во Европа.
Само Бундеслигата, Премиер лига, Ла Лига и Серија А во просек имаат повеќе публика од нив.
Минатата сезона во просек имаа по 22.270 навивачи, со Хамбург како прв со просечни 53.529 гледачи, а Сент Паули со највисока стапка од 99% исполнетост.
Wahnsinn!#2Bundesliga #einmalimmer #BSCFCMpic.twitter.com/02xYQTrIca
— DDR-Fußball • in English (@Fussball_DDR) February 16, 2024