На гласањето во декември лани, предлогот „да се обезбеди долготраен и одржлив успех“ бил изгласан од две третини од германските клубови. Навивачите се гневни на овој план и секој викенд протестираат и ги прекинуваат натпреварите во првата и втора Бундеслига со фрлање разни предмети на терен како тениски топчиња, чоколадца, пиротехнички материјали...
Намерата на челните луѓе на германската федерација и здружението на клубови е да зголеми меѓународен интерес за Бундеслига која според нив е далеку послабо гледана од англиската Премиер лига и шпанска Ла Лига.
Но во германскиот фудбал навивачите како адет го чуваат вековното правило ’50+1’ кое не дозволува надворешни инвеститори да купат/стекнат мнозински пакет акции во нивниот клуб. Секој инвеститор може да купи дел акции но да нема одлучувачка моќ. Навивачите ова правило го чуваат па и по цена на слаби резултати. Од таа причина најомразени клубови во Германија се Ред Бул Лајпциг и Хофенхајм чии членови и навивачи го прекршиле ова правило и дозволиле приватни сопственици да стекнат целосна контрола во клубовите.
„Ова е поврзано со социјалната и културолошка историја на германскиот фудбал. Германските фудбалски клубови отсекогаш биле водени од членови на клубот, додека англиските имале приватни сопственици уште од ХIX век“, вели Мат Форд за АФП.
Кристина Шрудер од навивачката организација Unsere Kurve вели: „Тоа што германските клубови ги водат членови на клубот ги прави посебни. Членовите односно навивачите се важен дел од фудбалот и мора да бидат вклучени во одлучувачки решенија“.
Навивачите се бунат дека одлуката на заседанието на германската федерација било донесено зад затворени врати и нетранспарентно. Тие се борат против модерниот фудбал.
Навивачите се бунат против терминот фудбал во понеделник вечер затоа што за нив викендот отсекогаш бил предвиден за фудбал а понеделник е работен ден и е отежнато за многумина да патуваат на почеток на работна недела од град во град. Се бунат и против се поголемиот наплив на реклами во тв преносите.