Ако Клосе, Милер, Крос и Швајнштајгер се дел од костурот на светскиот првак Германија во 2014-та, тогаш 24 години претходно тоа беа Лотар Матеус, Јирген Клинсман, Руди Фелер, Томас Хеслер.
Но не може никако да се прескокне името на Андреас Бреме, човекот кој како лев бек постигна 3 гола на тоа Светско, исто колку Клинсман и Фелер.
Лотар Матеус даде 4, колку Гери Линекер и Роџер Мила, а Панчев, Пикси, Баџо и Каниџа постигнаа по 2. Прв стрелец Салваторе Скилачи со 6 кој беше прогласен за играч на турнирот. Наградата за најмлад играч ја освои Роберт Просинечки.
Какви фудбалски имиња беа дел од тоа славно Светско во Италија. За нас многу носталгично, затоа што за последен пат играше Југославија и тоа со мега состав.
Во осминафинале ја елиминиравме Шпанија со гол на Пикси во 93-та минута, а во четвртфинале после 0:0 во регуларниот дел загубивме од Аргентина на пенали, противникот на Германците во финале. Томислав Ивковиќ му одбрани пенал на Марадона, но промашија и Пикси, Брновиќ и Хаџибегиќ.
Тоа Светско одбележа неколку историски моменти. Како на пример се повтори финалето од претходното кога се позлати Диего Марадона, а Германија стана прва селекција која врза три финалиња по ред (1982, 1986, 1990).
Тоа го повтори Бразил (1994, 1998, 2002) и освои два Мундијали, за разлика од Германците кои во таа низа се радуваа единствено на 8 јули 1990 на Олимпико во Рим.
Германија стана првата европска земја која успеа да совлада јужноамериканска земја во финале и за последен пат настапи на СП како Западна Германија.
Одиграа уште три натпревари пред да се формира обединета германска селекција, како резултат на повторното обединување на земјата по повеќе од 40 години.
Во групна фаза беа немилосрдни со 4:1 против Југославија и 5:1 против Обединети Арапски Емирати. На третиот дуел ремизираа 1:1 против Колумбија.
Феномелниот Андреас Бреме проработи најмногу кога е потребно, во нокаут фаза. Во осминафиналето против Холандија при резултат 1:1, го реши мечот со голчиште, замислете во 85-та минута, истата минутажа во која го реши и финалето.
Четвртфиналната пресметка против Чехословачка ја реши Лотар Матеус со гол од пенал, а во полуфиналето против големиот ривал Англија, Бреме повторно беше стрелец. Радоста му ја расипа Линекер за 1:1 во 80-та минута, но само за кратко.
Германија го завери финалето на пенали со 4:3, а прв од 11 метри реализираше токму Андреас Бреме, кој ќе се покаже и како сигурен пеналџија и против Аргентина која капитулираше и доби два црвени картони.
Прекрасниот гол против Холандија во осминафинале
Голот во полуфинале против Англија, хајлатс и пенали
Голот за светска титула на Германија, трета после оние во 54-та и 74-та од вкупно четири во историјата.
Хајлајтс од финалето
Документарец на ФИФА снимен пред 5 години со Бреме