- Сите што го гледавме Мундијалот во Италија 1990, последниот на Југославија која со Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ стигна до четвртфинале, го паметиме Андреас Бреме.
- Се работи за човекот кој го одлучи финалето против Аргентина на Марадона, со гол од пенал во 85-та минута, вреден светска титула за Германија.
- Бреме бил многу погоден од смртта на неговиот пријател и ментор, легендарниот Франц Бекенбауер, инаку селектор на германската репрезентација на тоа Светско, кој замина на 7 јануари на 78 години.
- Билд пишува дека 63 годишниот Бреме починал од срцев удар и веднаш бил примен во болницата во близина на неговиот стан, но веќе било предоцна.
- Бекот на Германија има 86 репрезентативни настапи и 8 гола, а клупската кариера ја мина во Сарбрикен, Кајзерслаутерн (каде подоцна беше и тренер), Баерн Минхен, Интер и Сарагоса.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.