Муабет на великани - Анри за првата лекција што ја научил од Чави

Модерниот фудбал нема милост за традиција, чест и витештво па така легендарниот Чави иако имаше совршена прва сезона на клупата на Барселона, освои шампионска титула и прими рекордно најмал број голови, а сезонва одлично тера и во Лига на шампиони, отвори душа и кажа дека по крајот на сезонава заминува од Барса. Причина? Неиздржливите новинарски натписи, притисоци, шпекулации за отказ, оставка, бркање и слично.

По ремито меѓу Наполи и Барселона (1:1) во првиот меч од 1/8 финалето во Лига на шампиони, Чави се јави во живо во студиото каде беа Анри, Реднап и Мика Ричардс.

Анри му отвори на шпански па продолжи на англиски.

„Прво да кажам дека сум импресиониран од работата што ја правиш. Без разлика што зборуваат, во првата сезона освои титула, биди горд на себе и знам дека си. Прво сакам да споделам нешто, горд сум што бев на терен со тебе. Ме научи многу.

Ми кажа да замолкнам пред да освојам прв трофеј со Барселона, освои прво нешто па ќе видиш што значи овој клуб.

Чави кажа и за неговата одлука да си оди од Барселона:

 

22 февруари 2024 - 14:23