Историски трипл-дабл на Никола Јокиќ

Денвер Нагетс го совлада Вашингтон Визардс 130-110 во продолжение на НБА лигата по паузата за Натпреварот на сите ѕвезди. Никола Јокиќ стигна до 121. трипл-дабл во кариерата и влезе во историските учебници на НБА како еден од тројцата кошаркари кој остварил трипл-дабл учинок против секој НБА тим против кој играл.

Ваквиот подвиг на српскиот репрезентативец им успеал само уште на Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.

Јокиќ во триумфот на Нагетс против Визардс имаше 21 поен, 19 скока и 15 асистенции. Шутираше неверојатно со шут од игра 10/10 без промашување. И во оваа колона е рекордер затоа што стана прв кошаркар кој некогаш имал 20+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции со 100 отсто шут за 31 минута на паркетот.

Никола, очигледно добро одморен во паузата и желен за баскет, буквално демонстрираше моќ против Вашингтон Визардс. 

Ова е четврти трипл-дабл на Јокиќ во кариерата без промашување од игра со што го урна рекордот на големиот Вилт Чемберлен. Во последните 40 години во НБА таков подвиг имал само Драјмонд Грин и тоа два пати.

Но Чемберлен и натаму со децении држа еден друг интересен рекорд, рекорд на број по постигнати поени (42) без промашување.

Покрај Јокиќ, голем удел во триумфот на Нагетси кои маршираат силно кон плејофот имаа уште и Мајкл Портер џуниор со 22 поени и 11 скока и Џамал Мареј со 18 поени и осум асистенции. Ерон Гордон додаде 17 поени а супер вечер имаа уште и Кристијан Браун со 12 поени, Пејтон Вотсон со 11 поени и Реџи Џексон кој запиша исто 11 поени.

Кај поразените Визардс Кајл Кузма беше најефикасен со 31 поен а единствено поддршка имаше од Тајус Џонс кој на своето конто запиша 13 поени и 14 асистенции.

Ова беше 37-ма победа на Денвер Нагетс сезонава а Вашингтон го забележа дури 46-от пораз.

 

23 февруари 2024 - 09:12