Не постои екс ју носталгичар кој не го памети Томислав Ивковиќ. Голман роден во Загреб, кој бранеше за Динамо, но и за Ѕвезда и кој и со двете екипи освои титула и Куп на Југославија, а потоа продолжи во неколку клубови во Австрија, Белгија, Португалија и Шпанија.
Беше стандарден голман на Југославија и еден од стартерите на селекторот Ивица Осим на Светското во Италија 90.
Познавате ли голман од нашиве простори кој денеска може да ви раскаже како му одбранил пенал на Диего Армандо Марадона, еден од најголемите, а според некои експерти, најголем на сите времиња.
А знаете ли таков кој му фатил два? Епа тоа е главниот лик на нашата сторија, Томислав Ивковиќ на кој му успеа тој подвиг и за клуб и за репрезентација и тоа во рок од 9 месеци.
Прво на 26 септември 1989-та како голман на Спортинг во рамките на Купот на УЕФА против Наполи, а потоа на 30 јуни 1990-та како чувар на голот на Југославија против Аргентина во четвртфинале.
И пазете го ова, додека Марадона се местел да го изведе пеналот во Неапол, Ивковиќ му пришол и го прашал дали сака да се кладат во дрес и 100 долари.
Следната година во Фиренца, му рекол дека знае каде ќе му ја шутне, а Марадона не кренал ниту глава да го погледне, а не пак да влезе повторно во дијалот.
„Остана во историјата дека сум единствен кој му одбранил два пенали, но и во двата наврати он отиде понатаму. И ден денес ги чувам дресот и 100-те долари кои ми ги даде откако ја загуби кладбата“, рече Ивковиќ во 2020-та после смртта на Диего.
Инаку Ивковиќ и Марадона се запознале на младинското Светско првенство во Јапонија 1979-та.
Да ја слушнеме изворно од него приказната која ја раскажа на гостување во ХРТ за време на Мундијалот во Катар.
Документарец на ФИФА