Offside

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

Непоправливиот Жозе Мурињо повторно исклучен

Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Рома и Аталанта одиграа 1-1 и си поделија по бод. Во 90+4' минута од судиското продолжение, Жозе Мурињо доби директен црвен картон иако претходно веќе доби жолт во текот на мечот.

Необичниот учинок на Јокиќ со Пистонс

Шампионот Денвер Нагетс славеше нов триумф, овојпат над Детроит Пистонс 131:114 а Никола Јокиќ имаше чуден учинок од само 4 поени и дури 16 асистенции и пет блокади. Од сите асистенции на Јокиќ, две беа посебно импресивни. Најзаслужен за победата на Нагетс беше Џамал Мареј со 33 поени и четири асистенции, Мајкл Портер додаде 15 а Пејтон Вотсон 13 поени.

Лудачка прослава на Ливерпул со навивач кој се симна на терен

Англичаните немаат коло викендов, ама пак не мируваа и играа ФА Куп. Ливерпул го елиминираше Арсенал во 3. коло со триумф од 0:2, а играчите одлепија при една од прославите за гол. Во купот со нив се вклучи навивач, кој Нуњез го шлапаше по глава, а Конате му ја џитна капата.

Убав човечен гест на Белингем

Џуд Белингем има само 20 години и веќе има статус на ѕвезда во Реал Мадрид, ама има и манири, а тоа го покажа на Куп натпреварот против четвртолигашот Арандина.

Ново модерно студио на МТВ за Европското првенствo

24 селекции ќе бијат битка за трофејот на 16-то Европско ракометно првенство кое ќе се одржи во Германија од 10 до 28 јануари. Македонија стартува на 10-ти во 18 часот против трикратниот европски првак Франција. МТВ конечно го освежи студиото, кое изгледа навистина прекрасно.

Елмас ги одбра Роналдињо, Меси и Пандев

Елиф Елмас се подготвува за дебито во Лајпциг кое се очекува да го има веднаш по зимската пауза во Бундеслига, а тоа е против Ајнтрахт Франкфурт на 13 јануари. Од клупскиот канал му направија мини интервју со куси прашања.

Никогаш доста од магионичарот Роналдињо

Кога овој човек беше во врвна форма, фудбалот го играше на посебен начин и беше број 1. Гледајте го внимателно клипов, како ги тероризира противниците со тоа бразилското во него, што го нема друг. Незаменлив лик без кој фудбалот е дефинитивно посиромашен. Танцуваше кога ќе примеше топка.

Приказната за талентот кој носи презиме на познат шеф на Коза Ностра

Пјетро има талент за фудбал, ама и проблем за да просперира. Внук е на поранешен мафијаш, еден од најопасните во Италија, а тоа до толку му прави проблем што го исфрлаат од екипа.

Разгалената Остапенко жестоко ѝ се сипа на судијката

Дванаесеттата тенисерка на светот, Летонката Јелена Остапенко револтирана по загубените поени од Белорусинката Викторија Азаренка ѝ се пушти вербално на главната судијка Јулија Кјендли.

Денвер го има Јокиќ, Феникс има велемајстор на трибини

Дур кошаркарите земат здив на полувреме во НБА, постојат разни ликови во сала, кадарни за секаков вид на забава. Пазете го овој како ја искористи можноста да биде десетина секунди во кадар. Се прерадува ко Санси титула да освоиле.

Забивање на вечерта од првиот пик на драфтот

Милвоки Бакс го совлада Сан Антонио Спарс 125:121 во меч во кој Џанис Адетокумбо постигна 44 поени со 14 скока и 7 асистенции, а Дамјан Лилард додаде 25 поени со 4 скока и 10 асистенции. Сепак моментот на вечерта го украде младиот Французин Виктор Вембанјама со забивање на сопствена асистенција.

Го имаме и Грга Питиќ од Реал Мадрид

Бразилецот од Реал Мадрид, Родриго, објавил видео со кое се пофалил со новите заби прекриени со украсни и драгоцени камења. Цената на ваквите заби во Бразил движела од 3.000 до 140.000 бразилски реали. Овој тренд познат и како „dental grillz“ е процес на премачкување на забите со племенити метали и трае во просек од две до три недели.

Јануарското засилување на Барса дебитираше со големо промашување

Само 24 часа откако го регистрираа, 18 годишниот Витор Роке кој пристигна од Атлетико Параненсе дебитираше за Барселона. Големата бразилска надеж, кого го сметаат за наследник на Роналдо да Лима, пропушти голема прилика да се прослави веднаш со погодок.

Го видовте ли голчиштето на Веа од Јувентус?

Јувентус прв прими гол од Салернитана која поведе со 0-1 уште во првата минута по катастрофалната грешка на стоперот Гати. После тоа бјанконерите до врв ја наполнија мрежата на гостите од Југот и со 6:1 ги испратија дома. Шестиот, последниот гол на мечот беше дело на Тимоти Веа, син на легендарниот Жорж Веа кој игра за репрезентацијата на САД. Еврогол!

Кандидати за најубав гол во декември во Премиер лига

За наградата спонзорирана од Бадвајзер, за најубав гол на месец декември во англиската Премиер лига конкурираат: капитенот на Арсенал Норвежанецот Мартин Одегард, Аргентинецот од Ливерпул Алексис Мекалистер, како и Дани Велбек од Брајтон.

Рамос среде изјава му држеше лекција на навивач

Севиља игра очајна сезона и има само 3 победи после 19 кола во Ла Лига. Синоќа дома загубија од Атлетик Билбао, а навивачите се очигледно фрустрирани бидејќи се немаат израдувано на триумф на домашен терен од септември. Навивач му дофрлаше на Рамос, а тој го прекина интервјуто и му свика дека треба да има почит према луѓето и клубот, бидејќи во моментот дава изјава.

Сјајната атмосфера на вечното дерби во режија на Делиите

Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.

Јокиќ е луд, погоди тројка од паркинг со звукот на сирената за победа

Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.

Колку заработуваат тенисерите кои не се дел од елитата и каков е планот да им се помогне?

Според некои проценки, Ѓоковиќ тежи 520 милиони долари, Надал 515, а Самит Нагал, број 1 тенисер во Индија вели вака: „На сметка имам 900 евра и за да заштедам патувам само со тренерот. Играм Гренд слемови, но сиромашен сум“.

Доминацијата на Вембанјама на 17 години

Првиот пик на драфтот во НБА, Виктор Вембанјама денеска полни 20 години. По тој повод ФИБА објави куса компилација од негови потези на Светското У-19. Противниците му се тргаат кога оди на забивање, што е сосема логично. А што може да му направат на ваков стап?

Време кога фудбалерите не беа лепицанери со розеви копачки

Тони Адамс, Ешли Кол, Рој Кин, Патрик Виера, Фил Невил, Ники Бат, Пол Сколс... Витешки фудбал.

Јака реклама, врвна екипа

Владе Дивац, Здравко Чолиќ, Слобода Миќаловиќ, Синиша Михајловиќ, Андреј Кулунџиќ, Матеја Кежман, Игор Милановиќ, Драган Николиќ, Јелена Јанковиќ, Никола Којо, Драган Стојковиќ Пикси, Ивица Краљ, Зоран Цвијановиќ, Ана Ивановиќ, Дуле Савиќ, Ѓуле Ван Гог.

Топ финиши во УФЦ

УФЦ на почеток на секоја нова година објавува најдобри нокаути и триумфи во рингот за претходните дванаесет месеци па така објавија и сега неколку спектакуларни дуели.