Кој е Лука Нарди - една од најголемите тениски сензации во историјата

Младите италијански тенисери очигледно не му лежат на Ѓоковиќ кој после три порази од Јаник Синер, сега го доживеа можеби и најтешкиот пораз во својата епска кариера. Новак изгуби од 20-годишниот Лука Нарди кој е, верувале или не 123. место на ранг листа.

Новак Ѓоковиќ за првпат во кариерата е елиминиран од лаки лузер како што се именува тенисерот кој добил шанса да игра на главниот жреб на некој турнир и покрај тоа што испаднал во квалификациите претходно.

Лука Нарди имаше и плус среќа затоа што мечот од првото коло му го предал Аргентинецот Томас Мартин Ечевери, а до епски дуел со Ѓоковиќ стигнал по триумф над Кинезот Џиџен Џанг (50-ти на светот).

На крајот неверојатен исход на мечот со Ѓоковиќ и победа на Нарди 2-1 во сетови 6:4, 3:6, 6:3. Интересно српскиот тенисер досега никогаш на турнир од серијата 1.000 не изгубил од послабо рангиран играч од што е Нарди.

Ѓоковиќ за првпат после 2019-та се појави на Мастерс во Индијан Велс за кој минатата недела кажа дека е „прав тениски рај и дека му е вистинско уживање престојот таму“.

Но Ноле „не се задржа долго во рајот“. Во трето коло сензационално изгуби од 123-от светски рекет Лука Нарди. Ѓоковиќ од февруари 2022-ра не изгубил од противник кој е вон топ 100 на ранг листата а само трет пат во кариерата е поразен од играч со вака слаб рејтинг.

КОЈ Е НАРДИ?

Младиот 20-годишен тенисер уште оди по тешкиот пат за влез во топ 100 но денес светот слушна за него. Тој во септември лани на еден Челенџер турнир загубил од 462-от тенисер на светот, а во САД сега на Индијан Велс во квалификациите изгубил од далеку подобро рангираниот Давид Гофан.

За чудото да биде поголемо, Нарди сега на Индијан Велс иако изгуби во квалификациите, бил дури трет претендент за картата „лаки лузер“ односно да упадне на турнирот наместо некој кој ќе откаже. И младиот Италијанец решил да остане во Индијан Велс.

Првпат тениски топчиња загледал на терените во комплексот Баратоф, во италијанскиот град Пезаро каде Нарди е роден. Таму тренирал неговиот постар брат Николо а помалиот Лука одел со мајка му Рафаела да го земат од тренинг. Првпат фатил рекет во рака на 7 години.

Навива за Наполи („Татко ми е Наполитанец“, а татко му е познатиот поранешен италијански пливач Дарио Нарди).

Лука на свои 14 години и 10 месци станал најмладиот тенисер во историјата кој освоил поени на АТП ранг листата. „Не очекував такво нешто тогаш, но кога видов дека можам, почнав да верувам од натпревар во натпревар“, раскажал во 2018-та за Кориере Адријатико. Тогаш рекол и дека сонот му е да учествува на Вимблдон и да освои Гренд Слем.

Во шок после сензационалниот триумф над најдобриот светски тенисер со 24 Гренд слем пехари Новак Ѓоковиќ, Нарди по мечот изјавил дека Србинот му е негов идол и дека 8 години чувал негови постери на ѕидот.

„Дома кај мене виси фотографија на Новак така што се ви е јасно. Замислете што е ова за мене. И јас се сеќавам како почнав во мал тениски клуб каде се борев дури и да излезам на терен. Мајка ми понекогаш стоеше до мрежа зошто без неа не можев да играм. Ми требаше некој да ми даде самодоверба. А сега играм на најголемиот стадион против рекетот број 1 на светот. До пред пар часови малку кој знаел кој е Лука Нарди а сега сите знаат“, рекол сензационалниот победник.

Нарди на 6-ти август годинава ќе наполни 21 година.

Веќе од понеделник Нарди ќе скокне на 95. место на светската ранг листа, негов најдобар пласман досега во кариерата. Нарди на младинските турнири имал добри резултати, па така еднаш го освоил турнирот Ле Петит АС и во сингл и во двојки а тогаш го совладал и Руне па во 2018-та зачекорил во професионалниот сениорски тенис. Во мај 2022-ра за првпат се појавил на големиот Мастерс во Рим.

Првата голема победа во кариерата Лука Нарди ја забележал во Астана против Шевченко. Во 2023-та забележал четврта и петта победа на Челенџер а на Мастерсот 1000 во Монте Карло во 2. коло забележал тежок дебакл од далеку попознатиот сонародник Музети со 6:0, 6:0.

Годинава Новак Ѓоковиќ има 3 порази на 11 меча - победил 72% од натпреварите на кои се појавил. Српскиот тенисер после мечот прокоментирал дека ќе се појави и на турнирот во Мајами иако сега „уште главата му е жешка“.

А Нарди го чека младиот Американец Томи Пол кој според букмејкерите ќе биде голем фаворит.

НЕ МУ ЛЕЖАТ ИТАЛИЈАНЦИ

Новак Ѓоковиќ по петти пат на последните 12 меча против италијански тенисер излегува поразен од теренот. Лука Нарди го елиминираше Новак во 3. коло од Мастерсот 1000 во Индијан Велс и така стана шести Италијанец кој го совладал Ѓоковиќ во кариерата.

Ѓоковиќ претходно претрпе порази од Синер (роден 2001-ва), од Музети (роден 2002) и сега од Нарди (роден 2002), сите членови на таканаречената „Next generation“.

12 март 2024 - 08:42