Шампионски танц на Барселона, Арсенал после пенал драма во следна фаза

Фудбалерите на Арсенал после цели 14 години се пласираа во четвртфинале на Лига на шампиони што е прав подвиг за „топџиите“ за што после пенал драмата со Порто зборуваше и тренерот Микел Артета. Во Барселона Каталонците благодарение на одличната игра одат во следна фаза по убедливиот триумф над Наполи.

Арсенал со тешки маки успеа да го преброди Порто кој се одбрани солидно на „Емирати“ и го однесе мечот на пенали каде на крајот славеше домаќинот.

„Толку сум среќен! 14 години е долг период за клуб каков што е Арсенал да не го стори она што го направивме денес. Моравме да копаме за да дојдеме до овој магичен момент. Толку сме горди и среќни“, изјавил Артета после триумфот на неговата екипа на пенали.

Арсенал за првпат влегува во 1/4 финале на Лига на шампиони после сезоната 2009/2010. Топџиите прекинаа серија од дури седум последователни испаѓања во 1/8 финале на ЛШ.

Лига на шампиони, 1/8 финале, реванши:

АРСЕНАЛ - ПОРТО 1:0 (вкупен резултат 1:1, на пенали 4:2)
/Леандро Тросар 41'/

БАРСЕЛОНА - НАПОЛИ 3:1 (2:1 полувреме, вкупен резултат 4-2)
/Фермин Лопез 15', Жоао Кансело 17', Левандовски 83' - Рахмани 30'/

13 март 2024 - 01:33