Затоа ВАР си е ВАР ај ти

На меч меѓу Атлетико Атланта и Химнасија и Тиро во втора аргентинска лига, топката во еден момент по изведен слободен удар удира во внатрешниот дел од мрежата, но се одбива од заштитната шипка и излегува надвор. Судијата ја продолжува играта, гол нема. Домашниот тренер се буни и добива црвен картон. Мечот завршил 1-1 со вкупно 4 црвени картони, два на терен и два надвор од терен.

12 март 2024 - 10:42