Хаверц да ти бил манга

Арсенал и Порто одиграа драматичен реванш во 1/8 финале на Лига на шампиони. „Топџиите“ надоместија гол негатива од првиот дуел и натпреварот после продолженија отиде на пенали. Во првото продолжение Хаверц силеџиски го турна гостинскиот тренер Серџо Консеисао па имаше среќа што овој изреагира смирено.

Тренерот на Порто после мечот се пожалил и дека тренерот на Арсенал Микел Артета му пцуел починат член од семејството и дека го навредувал во неколку наврати на што Шпанецот немал коментар.

13 март 2024 - 09:46