Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Кевин де Брујн си ќари дрес на докторот

Еден од најдобрите играчи во среден ред побара дрес од еден од најдобрите играчи во среден ред. Кевин тежи 20 трофеи од кои 15 со Сити, Лука има 30 од кои 24 со Реал. Шест години е помал и многу добро свесен за тоа од каква играчина бара дрес.

Спектакл на Реал и Сити, 10 гола на два меча во Лига на шампиони

Првите натпревари од четвртфиналето на Лига на шампиони донесоа неверојатни моменти. Во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ Реал и Манчестер Сити ремизираа 3:3 во меч во кој не се знаеше кој од кој е поубав гол. Во Лондон Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2 а гол на „топџиите“ повторно им даде Хари Кејн кој беше исвиркан во северен Лондон зашто беше капитен на Тотенхем.

Животот и кариерата на легендарниот Паоло Роси го имаме на тацна претставен во Скопје

По големиот успех во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, изложбата со наслов „Паоло Роси -  златното момче и легендите на фудбалот“, пристигна и кај нас. Да одите.

Како одговараа најголемите фудбалски ѕвезди на прашањето Меси или Роналдо?

Практично сите гласааат за светскиот шампион од 2022 со Аргентина. Барем оние анкетираните меѓу кои се Мбапе, Халанд, Де Брујне, Азар, Дејвис, Деклан Рајс, Винисиус и др.

Марадона за Барези, облечен во негов дрес

Легендарни 15 секунди со фудбалската икона Диего Марадона во дрес од Франко Барези после натпревар меѓу Милан и Наполи, одигран во 1989-та, година во која Милан освои Куп на Европски шампиони, а Наполи Куп на УЕФА.

Така во двор со децата можеш да шутираш пенали

И со пеналите се претера. Едни се обидуваат со краток залет, други трчкаат како манекени пред да го изведат, трети му ја подаваат на голманот како на тренинг. Поради аматерскиот удар на 21 годишниот напаѓач на Расинг Сантандер, Жерар Фернандез Кастелано познато Пеке, неговите загубија дома 0:1 од Алкоркон и тоа со три црвени картони им ги собраа бодовите.

Кога Зак Ледеј си земал кафенце од гледачка на сред натпревар

Дваесет и девет годишниот крилен центар на Партизан во минатото играше за Хапоел Гилбоа Галил, Милано, Олимпијакос и Жалгирис, еднаш за време на еден дуел од грчкото првенство против Колосос си земал кафенце од една присутна гледачка во прв ред.

Онана користел вазелин за ракавиците

Репрезентативниот голман на Нигерија Андре Онана за време на најголемото англиско дерби Манчестер Јунајтед - Ливерпул 2:2 бил уловен од камерите како става вазелин на ракавиците. Ништо нелегитимно, не е забрането, а бивши голмани имаат објаснување зошто се турало.

А билијар голот на Лазар Самарџиќ со Интер?

Интер со пресврт го преброди гостувањето кај Удинезе. Домашните поведоа први во 40’ минута преку еден необичен гол на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ. Интер израмни од пенал преку Чаланоглу во 55-та минута а Давиде Фратези во длабоко судиско продолжение во 90+5’ минута му донесе три бода на Интер кој е се поблизу до скудето.

Најголеми утки на сезоната во МЛС

Во американската МЛС лига, како и во секоја друга лига има неверојатни промашени зицери. Три се издвојуваат како најголеми.

Роналдо доби црвен поради лакт, а потоа му замавна на судијата

Таман врза два хет-трика по ред за зголемување на светскиот рекорд кој му е близу 900 гола и еве го пак. Нервозен, гневен и ироничен. Му идеше бокс да му зачука на судијата.

Прв гол на Бензема по 4 месеци и тоа во 55-та секунда

Ал Итихад ја доби полуфиналната пресметка од Супер Купот на Саудиска Арабија против Ал Вехда со 2:1 и ќе игра финале против Ал Хилал. Карим Бензема го прекина долгиот пост кој му траеше од 15 декември и постигна многу брз гол уште пред да истече првата минута од натпреварот.

Нов спот на Вардар за песната „Гордоста на градот“

Со голот на Дејан Ѓуриќ во 73-та минута, ФК Вардар го урна актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум и за еден бод избега од опасната зона на испаѓање. Фудбалерите водат грчевита борба за опстанок, а Комити борба за финансиски опстанок. Истовремено се во топ форма со цртање графити и правење прекрасни кореографии.

Кајри Ирвинг за балканскиот ноќен живот со Дончиќ

На НБА ѕвездата и соиграч на Лука Дончиќ не му текна име на некоја српска песна, ама па научил каков е редот на нашиве простори кога се излегува навечер.

Туку на овие што им текна во 9 саат сабајле да се млатат

Во саботата од 18 часот се играше големото римско дерби Рома - Лацио. Победи „римската волчица“ 1-0 со гол на стоперот Манчини во 42’ минута. Уште по рани зори сабајлечки околу двесте навивачи на Лацио влетале во близина на барот „Ривер“ близу стадионот Олимпико каде се собираат ривалите и нападнале стотина тифози на Рома кои се спремале за дербито. Во извештаите на полицијата која навремено реагирала и спречила крвопролевање се вели дека инцидентите започнале околу 9-9:30 часот изутрина. Некој тогаш уште не измил раце, а они...

Луда тројка на Данте Егзум кој зборуваше за атмосферата во НБА и Србија

Во големото дерби на Тексас, Далас Маверикс едвај во продолженијата го совлада Хјустон Рокетс 147:136 во меч во кој „ракетите“ имаа огромна предност но на крајот Данте Егзум со тројка ги однесе Мавс во продолженија.

Дончиќ пак одлепи на загревање со нестварен кош

Лука Дончиќ на моменти се однесува како да не е од оваа планета. На загревање пред мечот со Хјустон Рокетс пред една недела, постигна табла кош, а претходно топката се удри од семафор. Синоќа пак Далас играше против Хјустон и Лука повторно ја изведе истата лудорија, на малку поинаков начин.

Орие му порача нешто на Зинченко

Фудбалерот на Галатасарај кој играше уште и за Ленс, Тулуз, ПСЖ, Тотенхем, Виљареал и Нотингем Форест, се огласил по повод интервјуто на украинскиот фудбалер Александар Зинченко за БиБиСи каде „јуначки“ од луксузниот дом во Лондон најавува дека ќе одел на фронт ако го мобилизираат.

Не порасна Пепе

На 26 февруари натепа 41 година во газот и упорно и упорно не му иде памет. Провоцира, се закача, мава без осет и наместо на тие години да биде пример за цела плејада млади играчи, прави циркузи и редовно добива црвени картони. Изреволтиран од една судиска одлука, на судијата му гестикулираше дека треба да си стави наочари, а овој ни два, ни три го прати на ладење.

Mamma mia!

Наполи продолжи да тера по свое сезонава, ќе примат три гола, па ќе дадат четири, па ќе примат два и ќе дадат три и така од почеток на сезоната. Во неделата на гости ја победија Монца со 2-4 а вториот гол за гостите кој го даде Матео Политано беше најубав од сите шест на мечот.

Промашувањето на колото го има Борусија Дортмунд

Видовте ли што утна Северина? Епа тоа не е ништо во споредба со Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд која инаку загуби дома од Штутгарт 0:1. Па ова е потешко да го промаши човек, отколку да го даде. Цел тим се држеше за глава.

Фудбалерите на Баерн се за срам, 18 годишен играч безуспешно ги тераше да одат кај навивачите под трибина

Баерн Минхен целосно заслужува да гледа како Баер наскоро ќе ја слави титулата во Бундеслигата. Ај што викендов загубија од дебитантот во Бундеслигата Хајденхајм и тоа со пресврт после водство од 0:2, уште толку се посрамотија со односот. При имиња во тимот како Милер, Кејн, Кимих, Гнабри, Горецка и останатите, само 18 годишниот Матис Тел покажа респект за поддршката на навивачите кои допатувале да ги бодрат. Другите образ ѓон. Ги тераше да се вратат, ама џабе, штикла фатија накај соблекувална.

Спектакл од одбрана на Шчесни со Фиорентина

Јувентус оствари алегријевска победа од 1-0 над Фиорентина и победи првпат после цели 40 дена и 4 меча без триумф со само два освоени бода. Бјанконерите дадоа гол преку стоперот Гати во 21’ минута и до крајот го чуваа резултатот. Уствари полскиот голман Војчех Шчесни им го чуваше.

Утка на колото - Северина

Партизан со 2-0 го победи Нови Пазар во последното коло од српската Суперлига пред почетокот на тамошното разигрување за титула и опстанок. Лидер на табелата е Црвена звезда со 74 бода, а Партизан има 70 на второ место. На мечот со Нови Пазар холандскиот фудбалер со интересно презиме Ксандер Северина промаши невозможно. Среќа негова што веќе даде 1 гол и водеа.