За време на дуелот Босна и Херцеговина - Унгарија во Лига на Нации, стотина навивачи на Босна кои стоеа до гостинскиот кафез, скандираа: „Убиј го Србинот“ а потоа со Унгарците заедно си поделија скандирања за своите земји и меѓусебни аплаузи. Се очекува реакција на УЕФА за овој скандалозен чин кој доаѓа откако регионот периодов се сплоти да ја помогне Босна и Херцеговина со страшните последици од поплавите во кои загинаа 20-ина лица.
Што се однесува до самиот натпревар од 4. коло во Лига Нации, Унгарија славеше 0-2 во Зеница со два гола на нивниот капитен и лидер Доминик Собошлаи во 38’ и 50’ минута од пенал.