Касано: „После една критика, Роналдо ми пиша порака зошто сум го критикувал“

Судар на две ега, на две јаки суети. Кој ја зборува вистината не знае никој.

Во еден познат италијански подкаст каде редовно дава стручни анализи на тема фудбал, Антонио Касано раскажал:

„Кристијано Роналдо, откако јас реков дека Роналдо е еден, и тоа правиот. И дека Меси е многу појак од Кристијано Роналдо, апсолутно! И дека Кристијано Роналдо не е во моите Топ10, Кристијано Роналдо, повторувам, Кристијано Роналдо!

Ми стигнува порака од број со повикувачки +34, во која ми вели дека јас треба да имам почит за него, за тоа што освоил, за головите кои ги дал и за она што претставува.

Како што јас немам страв од вистината и би се соочил со Папата па до последниот човек на светот ако треба. Му реков: ’Драг Кристијано Роналдо, ако непочит е да се каже дека Роналдо има еден и е Феноменот и како Меси е многу подобар од тебе, тогаш ќе ти го повторам пак истото’.

Во италијанската јавност има поделени мислења. Едни тврдат дека ова што го зборува Касано не е вистина и дека не се случило, а други тврдат дека е вистина затоа што Антонио никогаш немал влакна на јазик и дека не му е воопшто непознато отворено да кажува работи од фудбалскиот свет.

14 октомври 2024 - 14:38