Ѕвездата на Реал Мадрид го пропушти октомврискиот собир на француската репрезентација и средбите со Израел (1:4) и Белгија (1:2). Веста беше дека тој е повреден и дека ќе оди на лекување и рехабилитација во Шведска.
Но тамошните најголеми спортски медиуми, Експресен и Афтонбладет пишуваат дека шведската полиција во саботата добила пријава против Мбапе а жртвата наводно побарала и лекарска помош.
Според пријавата, нападот наводно се случил минатиот четврток кога Французинот беше уловен од фоторепортери како замаскиран влегува во хотелот Бланк во Стокхолм. Тој после една вечера во ресторан отишол во познат ноќен клуб, а потоа се вратил во хотел со црно комбе и со обезбедување.
🇫🇷 Kylian Mbappé was spotted clubbing in Stockholm, Sweden during Israel vs. France in the Nations League last night. 🪩
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 11, 2024
Captain material? 🙄
📸 @sportbladet / @footmercato pic.twitter.com/A9LvB4z4Br
Наводно се се случило во хотелот во кој полицијата влегла во понеделникот да истражи по налог на обвинител.
Реал Мадрид затоа доцна синоќа, во понеделникот вечер организирал итен кризен штаб на управата на која се разговарало за сериозните обвиненија против Мбапе.
🚨 Swedish police have confirmed to local media that Kylian Mbappé is the subject of a complaint for rape and sexual assault. 🤯
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 15, 2024
👉 The footballer was staying at the Bank Hotel and it is claimed the alleged rape took place on Thursday.
👉 Mbappé had visited the Chez Jolie… pic.twitter.com/Kx5zuGYUy5
Самиот Килијан (25) одлучно ги демантира наодите и на своите профили на социјалните мрежи вели дека „веста е лажна“ и дека времето одбрано за овие обвиненија не е случајно.
FAKE NEWS !!!! ❌❌❌
— Kylian Mbappé (@KMbappe) October 14, 2024
Ça en devient tellement prévisible, veille d’audience comme par hasard 😉 https://t.co/nQN98mtyzR
Тој го обвинил ПСЖ и француските медиуми дека сакаат да му ја нарушат репутациајта пред многу важно судско рочиште на кое тој го тужи поранешниот клуб за неисплатени премии, бонуси и плати во износ од 55 милиони евра.
„Многу е предвидливо, како божем е случајно пред судското рочиште“.
На овој твит на Мбапе, од ПСЖ одговориле: „Искрено, срамота е. ПСЖ е виновен за се што се случува со него. Нема дадено гол (на страна пеналите) за Мадрид? ПСЖ е крив. Ги пропуштил натпреварите за Франција? ПСЖ е крив.
Арбитражата ќе ја носи дисциплинска комисија при француската професионална фудбалска Лига 1.
Претходно и селекторот на Франција Дидие Дешам изјавил дека ова не е добро за француската репрезентација затоаш то овие гласини излегле од нигде никаде. „Има негативна атмосфера. Подобро е да се земе малку време и да се размисли пре да се објави било што. Мбапе е доволно возрасен за да знае како да комуницира“, рекол Дешамп.