Како Шпанија ги решава сериозните сомневања за силувања од познати фудбалери?

Дани Алвеш беше едно од последните големи фудбалски имиња осудени на затворски казни (4 ипол години) поради гнасен чин на силување. Но општо позната пракса во светот на спортот е и тоа што девојки во договор со разни манипулатори и адвокати пријавуваат фудбалери иако минале заедничко време по сопствена воља. Со цел да им изнудат огромни астрономски суми и да се обезбедат за цел живот.

Сега на овие лажни пријави поради кои некогаш не може на ред да дојдат страшните вистински потресни исповеди изгледа им доаѓа крајот.

Договор за „сексуален однос по заедничка согласнот“ е нов тренд во шпанскиот но и во целиот европски фудбал. Ова доаѓа по серијата обвиненија за фудбалери кои наводно напаствувале или силувале девојки. Тие во својот интимен живот сега додаваат правен документ.

КАКОВ Е ТОЈ ПРАВЕН ДОКУМЕНТ?

Секс-договорите не се од вчера. Веројатно најстар претходен случај е меѓу познатиот холивудски пар Силвестер Сталоне и Бриџит Нилсен (заедно играа во „Роки 4“ и „Кобра“) во средината на ’80-те години.

Пред свадбата овој пар склучил договор според кој Сталоне може да има секс со партнерката не повеќе од пет пати неделно и тоа во, со договор одредени пози. Финансискиот услов (пази и тоа имало) на договорот бил: глумецот плаќал 100.000 долари месечно плус 10.000 за секој однос со сопругата, а премијата за бременост според договор била 5 милиони долари.

Сталоне се развел со Нилсен после шест месеци после измама со секретарката. Сексуално-правниот договор го чинел актерот околу 16 милиони долари.

Сега по тој шаблон може да се најдат договори на различни правни сајтови.

„Јас видов таков договор од странски фудбалер зошто тие сомневаат дека во други земји има поинакви законодавства“, рекол претседателот на Националната фудбалска тренерска школа во Шпанија (CENAFE), Мигел Галан во шпанската емисија En boca de todos.

ФОРМА НА СЕКСУАЛНА СОГЛАСНОСТ

Во овој договор има страна I и страна II како и во секој друг договор за согласност меѓу предлагач и прифаќач (согласител).

За целиот парадокс да биде уште поголем тука е и ставка II под наслов ВРЕМЕ во која: Предлагачот и Согласителот (Прифаќачот) наведуваат датум и време(траење) кога имале или ќе имаат однос и го потпишуваат на крај овој договор.

Понатаму, страните дефинириаат и варијации на сексуални интеракции: интимно допирање, бакнување со или без јазик, употреба на играчки, како и разни видови на секс и други активности.

Угодување еден на друг вон рамки на договорот е прифатливо но само со согласност која мора да биде снимена „со помош на уред за снимање звук“.

Галан вели дека најмалку двајца играчи од Ла Лига и еден од шпанска трета лига веќе користат вакви договори кои стануваат се поактуелни во време кога секој погрешен поглед би можел да заврши на суд со барање оштета.

Неодамна, пред неколку недели извесна девојка од Шпанија на суд била прогласена за виновна за лажно клеветање со цел изнуда на пари од познатиот фудбалер на Милан, францускиот репрезентативец Тео Ернандез кој е капитен на италијанскиот клуб.

Ернандез ја добил парницата на суд, судот докажал дека девојката манипулирала после што неа и било наложено да му исплати огромна сума на Ернандез за претрпени душевна и психичка болка. 

Скоро се појави вест и дека младиот бразилски талент за кого Реал Мадрид плати сериозни милиони, Ендрик кој се уште е тинејџер со 17 години, потпишал таков договор со својата девојка од Бразил со која се доселил во Мадрид. Ендрик раскажал за договорот но без големи интимни подробности.

Очигледно основна причина за такви договори не се воопшто бројот на бакнежи и изливи на љубов, туку пред се обид да се регулира согласноста на сексуален однос. Целта на овие договори е да ги заштитат фудбалерите од обвиненија за силување, па дури и од девојките со кои се во долги врски.

ШПАНИЈА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПО ПРАШАЊЕ НА ЗАШТИТА

Во Шпанија во октомври 2022-ра година е донесен закон за сеопшта гаранција на сексуална слобода познат како Ley de Garantía Integral de la Libertad Sexual кој ја прави согласноста на сексот (или негово отсуство) клучен фактор во квалификација на силување.

Овие измени во законот дошле по стравичното грозоморно дело познато како „напад на волчјо стадо“ што во 2016-та го сториле пет лица над 18-годишна девојка за време на фестивалот на трка со бикови во Памплона.

Судот скандалозно утврдил дека на видео снимката снимена од телефон на еден силувач се гледа како неподвижна и врзана девојка со заврзани очи е „нем доказ на согласност“. Во 2019-та година по ново судење, секој злосторник добил по 9 години затворска казна за повеќе обвиненија за силување и кражба на мобилниот на жртвата.

Ова дело предизвика масовни и насилни протести ширум Шпанија и се појави и шпанска верзија на „Раскажи ја својата верзија“ во поддршка на жртвите на сексуално насилство. После извесно време делото било преквалификувано во силување и казната секому била зголемена до 15 години.

Шпанската влада тогаш најавила дека ќе го смени кривичниот законик. Сега според законот само „да“ значи „да“ за сексуален однос. „Согласноста мора да биде потврдена и не може да се смета за согласнот ако едната страна молчи или има изразено молчење“, стои во законот. Во спротивно делото ќе биде квалификувано како силување.

Само неколку месеци подоцна шпанските правни новости на своја кожа ги почуствува вториот најтрофеен фудбалер на светот во историјата на фудбалот, Бразилецот Дани Алвеш кој играше за Барселона.

Тој при една посета на ноќниот клуб Сутон во Барселона, бил обвинет од девојка за насилство. Фудбалерот признал дека имале сексуален однос но изјавил дека се поминале после взаемна согласност и на таа линија ја формирал одбраната.

Но докази немал а девојката настојувала дека против нејзина волја имале однос. Во февруари 2024-та Дами Алвеш беше осуден на 4,5 години затвор и 5 години условно.

Во септември на суд бил изведен и познатиот шпански фудбалер Рафа Мир, центарфор на Валенсија. Тој според една верзија, се запознал со две девојки во ноќен клуб, ги повикал во својот дом каде со својот другар ги силувал па ги избркал надвро полуголи. Тоа го забележала соседката која што повикал полиција. Наскоро Рафа и неговиот другар биле уапсени.

Самиот фудбалер кој летово премина од Севиља во Валенсија негирал каква било вина и тврдел дека се било со взаемна согалсност. Сега уште му трае судскиот процес.

Очигледно е дека ваквиот договор со повремен познаник е парадоксален зошто ретко кој носи бланко договори со себе и бара од познаникот да го потпише. Затоа во Шпанија за спонтана блискост е развиена посебна мобилна апликација, но понекогаш може да биде доволен и аудио или видео снимка од согласност.

Но постојат и задолжителни услови: снимката мора да биде направена доброволно без никакви знаци на монтажа (во овој случај мора да се обезбеди стручно мислење), а говорот на видеото мора да биде лесно разбирлив.

14 октомври 2024 - 12:20