Англија по сензационалниот пораз од Грција дома на „Вембли“, го обели образот на гостувањето во Хелсинки. Ја добија Финска глатко 1-3 а играч на натпреварот беше одличниот фудбалер на Ливерпул Трент Александер-Арнолд со прекрасен гол од слободен удар и асистенција.