Воодушевувачката трик асистенција на Флориан Вирц

Видовме убав материјал од изминативе четири дена во Лига на нации, кои се играат уште две вечери и уживавме во дури 5 гостински голови на нашите фудбалери. Ако треба да ја избереме најјаката асистенција, тогаш изборот мора да падне на Флориан Вирц, иднината на германскиот фудбал. Се случи во Зеница каде Германија со двата гола на Дениз Ундав ја доби БиХ со 1:2. Секој би помислил дека Вирц ќе шутира во гол во една ваква ситуација, но ги изненади сите.

14 октомври 2024 - 13:35